„Ремедика“ Прва Болница во Македонија со ISO Стандард

//„Ремедика“ Прва Болница во Македонија со ISO Стандард

„Ремедика“ Прва Болница во Македонија со ISO Стандард

Приватната здравствена установа „Ремедика“ е прва сертифицирана општа болница во Македонија што доби сертификат за систем со управување со квалитет ISO 9001:2008.[custom_frame_right][/custom_frame_right]

– Овој сертификат претставува верификација од трета страна за исполнување на стандарди кои се од исклучително значење за добро менаџирање и функционирање на една здравствена установа. Toa е основа за одење чекор напред во исполнувањето на останатите стандарди. Oпределба на врвниот менаџмент и сите вработени е интегрирање на системот со стандардот ISO 14001, а се со цел за спроведување на барањата на стандардите и континуираното подобрување. Вложувањето во исполнување на овие стандарди е вложување во подобрување на целосното функционирање на здравствената установа. Тоа значи квалитетно, брзо и ефикасно решавање на сите проблеми и потреби на нашите пациенти преку услуги кои се во надлежност на „Ремедика“ – вели Елица Јорданова, генерална директорка на „Ремедика“.

Со добивањето на овој сертификат, „Ремедика“ функционира како современа болница којашто ги применува стандардите воспоставени во секоја високо рангирана медицинска установа во западноевропските земји. – Досега како приватна здравствена установа ги имплементиравме одредбите од законот за безбедност и здравје при работа и од законот за превенирање и спречување на интрахоспитални инфекции со изграден систем за управување со ризици, закон за управување со отпад и останатата легислатива која важи за нашата дејност – додаде Јорданова.

„Ремедика“ е првата општа болница во Македонија основана на 7 април 2005 година којашто неодамна ја надмина бројката од 100.000 пациенти кои побарале услуга во оваа установа.

[custom_frame_center]„Ремедика“ Прва Болница во Македонија со ISO Стандард[/custom_frame_center]

Превземено: www.plusinfo.mk

Датум на објавата: 27.11.2012

By | 2012-11-28T11:45:58+00:00 28/11/2012|Здравство|