Секој Ресторан не Може да Биде Меана

//Секој Ресторан не Може да Биде Меана

Секој Ресторан не Може да Биде Меана

Проширување на листата со угостителски објекти за исхрана со нов објект-национален ресторан-меана, задолжително ангажирање домашен туристички водич од страна на странски тур-оператор кој носи туристи во Македонија, како и категоризација за куќите во руралните средини кои издаваат соби за туристи се дел од новите измени на законите за туристичка и угостителска дејност, со кои се даваат нови можности и поголем квалитет на услугите.

Според портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, за да добие угостителскиот објект ознака национален ресторан-меана ќе треба во листата за јадења да понуди најмалку 70 отсто домашни традиционални јадења, додека кај вината и пијалаците 80 отсто треба да бидат домашни вина и други пијапаци. Надворешното и внатрешното уредување на угостителскиот објект треба да содржи мотиви од домашната традиционална култура, народни инструменти, носии, покуќнина-садови и слично, персонаплот треба да носи облека на која ќе има апликации и мотиви од традицијата, како везени кошули ипи соодветна наметка со народни везови, додека музиката што ќе се изведува треба да биде изворна и чалгиска, со акустичен звук. Барањата за добивање на оваа ознака ќе се поднесуваат до министерот за економија. Сите угостителски oбјекти што досега се декларираа како национални ќе треба да поднесат барање за да ја добијат оваа ознака откако ќе се донесе законот.

Измените предвидуваат странските турисгички агенции кои носат туристи во Македонија во рок од 24 часа од часот на влегување во земјата да ангажираат домашен туристички водич. Доколку странскиот тур-оператор не постапи согласно оваа обврска, предвидена е глоба од 2.000 до 4.000 евра за правното лице, а за одговорното лице од 1.000 до 2.000 евра.

Во делот на руралниот туризам ќе се врши категоризација на куќите, собите и на становите за издавање и ќе се издава посебна бзнака. За да ја добие оваа ознака, треба да имаат најмалку 10 соби, односно 20 легла, при надворешното и внатрешното уредување на угостителскиот објект да употребуваат мотиви од традиционалната култура, народни инструменти, носии, покуќнини садови и слично, топлите и ладни јадења, пијалаците и напивките што ќе се послужуваат да бидат домашни и еколошки производи, главно од сопствено производство.

Меѓу измените е и пропишување постапка за легитимирање малолетни лица во угостителски објекти  кабареа и ноќни барови од страна на угостителите, а што е со цел превенција од прекршување на законот и поголема заштита на малолетните лица.

[custom_frame_center]Секој Ресторан не Може да Биде Меана[/custom_frame_center]

Превземено: Дневник

Датум на објавата: 27.08.2012

By | 2012-08-27T04:36:11+00:00 27/08/2012|Туризам|