СИСТЕМ ЗА Е-НАБАВКИ: Нов дизајн и мобилна апликација

//СИСТЕМ ЗА Е-НАБАВКИ: Нов дизајн и мобилна апликација

СИСТЕМ ЗА Е-НАБАВКИ: Нов дизајн и мобилна апликација

Со напредокот на технологијата Електронскиот систем за јавни набавки, како модерен и современ електронски систем, постојано се надградува и унапредува со цел да им се олесни пристапот на корисниците на системот, информира Бирото за јавни набавки

Целта на новиот дизајн, како што наведуваат од Бирото за јавни набавки, е на прегледен начин да се презентираат информациите и да се оптимизира Електронскиот систем за јавни набавки за мобилни корисници кои секојдневно ги користат предностите на паметните телефони и таблети. Со мобилната верзија на системот корисниците ќе можат да учествуваат на е-аукции директно од своите телефони и таблети од сите брендови.

Новиот дизајн е уникатен, близок до корисникот и овозможува поедноставно користење на системот, поголема прегледност и лесна навигација. Корисникот има целосна контрола над сите функционалности, кои се подобрени со цел да се овозможи безусловно завршување на секоја корисничка акција.

Корисничкиот интерфејс е надграден со дополнителни визуелни елементи што овозможуваат брз и директен пристап до најчесто користените акции што ги преземаат корисниците. Комбинацијата на бои овозможува визуелна прегледност и дистинкција на елементите, со што целиот дизајн добива една подинамична природа.

Со напредокот на технологијата Електронскиот систем за јавни набавки, како модерен и современ електронски систем, постојано се надградува и унапредува со цел да им се олесни пристапот на корисниците на системот и да се овозможи поефикасно спроведување на постапките за доделување договор за јавни набавки, информира Бирото за јавни набавки.

[custom_frame_center]СИСТЕМ ЗА Е-НАБАВКИ: Нов дизајн и мобилна апликација[/custom_frame_center]

Извор: www.telegraf.mk

Датум на објава: 02.09.2014

 

 

By | 2014-09-02T13:31:52+00:00 02/09/2014|Економија|