Сите Поплаки за Штета на Багаж Поединечно се Расчистени!

/, Осигурување/Сите Поплаки за Штета на Багаж Поединечно се Расчистени!

Сите Поплаки за Штета на Багаж Поединечно се Расчистени!

Бројката на пријави за работи што недостасувале од багажот на патниците на аеродромот “Александар Велики” во Скопје не може да биде дефинирана како алармантна, со оглед на фактот дека во текот на 2012 година до компанијата се доставени сосема мал број поплаки за постоење такви случаи. Ова го тврдат од “ТАВ Македонија” откако беше обелоденета веста дека тројца аеродромски службеници биле откриени од безбедносните служби на аеродромот дека украле вредни предмети од багажот на патниците на авиокомпанијата “Ер Берлин”.

Тројцата службеници го пренесувале багажот на патниците и при трансферот до лентата за багаж ги отвориле куферите и украле вредни предмети. По откривањето на случајот, службите ја известиле полицијата и заедно со неа работат на негово расчистување.

-За секоја од тие поплаки ТАВ Македонија” спроведе детална истрага во согласност со сите меѓународните регулативи и внатрешните правила за работа на компанијата. На тој начин, секој од тие случаи беше поединечно расчистен и истите не можат да бидат доведени во релација со последниот случај осомничени вработени на ТАВ – додаваат од “ТАВ Македонија”.

Оттаму велат дека како сериозна компанија работат транспарентно и се грижат за корисниците.

-Транспарентноста на компанијата, безбедноста и добрата грижа за корисниците се меѓу најважните принципи во корпоративната политика на ТАВ Холдинг, што се потврдува и со последниот случај на спречена кражба што компанијата сама го откри и го сподели со јавноста – велат од компанијата.

Со цел да добиеме информација каква е процедурата во случај на штета на багажот, Вечер побара појаснување од осигурителната компанија Винер осигурување, од каде велат дека во сите случаи на кражба или провална кражба, штетата на багажот мора да биде веднаш пријавена, а најдоцна до 24 часа до надлежните органи (полиција) или до транспортната компанија, односно до овластеното лице на аеродромот, или до хотелот во зависност од околностите на штетниот настан.

-Патникот кој поседува полиса за патничко осигурување со која му е осигуран багажот е должен да побара официјален извештај, да достави список на украдениот багаж со опис на содржината. Тој е должен кражбата или доцнењето на багажот да го пријави во центарот за помош на Винер осигурување веднаш, а најдоцна во рок од 5 дена од доцнењето (кражбата). Осигурувачот ќе му даде информација околу процедурата на испорака на багажот, како и инструкции за пријава на штета – велат од Винер осигурување.

Меѓутоа, што се однесува до случајот за кој станува збор, важно е да се напомене дека Патничкото осигурување, всушност е осигурување за патници во странство, што значи дека предмет на осигурување се настани случени при патување во странство, и во текот на престојот таму, но не и настани случени по враќањето во матичната држава, што значи дека конкретниот настан не би бил покриен со полисата за патничко осигурување.

-Сепак, ако се утврди дека за кражбата се виновни вработени на конкретното правно лице, тогаш правното лице може да ја активира полисата за Осигурување од Одговорност, која ги покрива штетите настанати по основ на грешка во извршувањето на професионалните обврски со што осигурителната компанија ќе ги покрие трошоците кон оштетеното трето лице, во случајов патникот. Во врска со претставките по основ на осигурување на багаж, како дел од полисата за патничко осигурување, можеме да кажеме дека многу почесто станува збор за доцнење или губење на багаж, отколку за случаи на кражба – истакнуваат од Винер осигурување.

[custom_frame_center]Сите Поплаки за Штета на Багаж Поединечно се Расчистени![/custom_frame_center]

Превземено: www.vecer.com.mk

Датум на објавата: 08.11.2012

Автор: С.Бл.

By | 2012-11-09T04:38:00+00:00 09/11/2012|Авиосообраќај, Осигурување|