Србите Возат без Зелен Картон во ЕУ, Македонците се Залажуваат со Пониски Цени!

//Србите Возат без Зелен Картон во ЕУ, Македонците се Залажуваат со Пониски Цени!

Србите Возат без Зелен Картон во ЕУ, Македонците се Залажуваат со Пониски Цени!

За патување со автомобил на Србите веќе не им е потребен зелениот картон за влез во државите на Европската унија ниту пак за Хрватска, Швајцарија, Норвешка, Исланд и Андора. Единствено овој документ им треба за Македонија и Босна.

За патување со автомобил на Србите веќе не им е потребен зелениот картон за влез во земјите во ЕУ, како ни за Хрватска, Швајцарија, Норвешка, Исланд и Андора соопшти вчера Здружение на осигурување на Србија.

Од државите во регионот зелен картон им е потребен за влез во Македонија и Босна, бидејќи овие држави не се потписнички на Мултилатералната спогодба. Имено, од 1 јануари годинава Србија е членка на Мултилатералната спогодба по која за патување со автомобил во наведените земји е доволно да се поседува регистарска ознака, односно налепница. За влез во Црна Гора на Србите исто така не им е потребен зелен картон со кој се регулира осигурување на возилото, бидејќи Здружението за осигурување на Србија и Националното биро за осигурување на Црна Гора имаат потпишано посебна спогодба со која е прифатен принципот на регистарска ознака. Од 1 јануари годинава Србија и уште 33 земји пристапија кон Потсистемот на регистарски ознаки, спогодба која важи за сите земји на Европската унија освен за Русија.

Со оваа Одлука Србите, кои во летниот период најчесто патуваат за Грција, доколку одат преку Македонија, ќе мора да платат за зелен картон 2000 динари или околу 18 евра, со тоа што картонот важи за цела година. Генералниот секретар на Здружението за осигурување на Србија, Владан Маниќ, за Новости изјави дека Србија за ова се квалификуваше уште во мај 2011 година, на годишното собрание на Бирото за зелената карта, а во ноември минатата година доби согласност од Европската комисија, “Македонија не е потписничка на Мултилатералната спогодба, ниту со неа имаме направено каква било билатерална спогодба, така што за Македонија и за Босна од земјите во опкружувањето и натаму е потребен зелениот картон, изјави Маниќ.

За граѓаните од Македонија и натаму за излез од државата во кој било правец на светот неопходно е поседување зелен картон чија цена пред неколку месеци е намалена. За патничко возило до 66 киловати е 60 евра, а за оние над 66 е 90 евра, а за товарни возила е 280 евра. До неодамна цената беше 40 евра за еден месец, до 150 евра за една година а за товарните возила 450 евра.

[custom_frame_center]Србите Возат без Зелен Картон во ЕУ, Македонците се Залажуваат со Пониски Цени![/custom_frame_center]

Превземено: www.vecer.com.mk

Датум на објавата: 13.06.2012

Автор: Весна М. БОЖИНОВСКА

By | 2012-06-14T05:29:45+00:00 14/06/2012|Осигурување|