Старите Дизелаши Асли Муштерии на Пумпаши

//Старите Дизелаши Асли Муштерии на Пумпаши

Старите Дизелаши Асли Муштерии на Пумпаши

Андреја Јосифовски од “Макпетрол” потврдува дека драстично е намалена потрошувачката на бензините, бидејќи речиси 99% од увезените половни возила главно користат дизел наместо бензин. Од 2009 година до сега во земјава се увезени 114.578 половни автомобили. Доколку нивната просечна иена е околу 3.000 евра, тоа значи дека речиси 350 милиони евра се дадени за купување на овие возила.

Економската криза за 10% до 15% ја намали потрошувачката на моторниот бензин во Македонија. Од „Макпетрол”, најголемиот нафтен дистрибутер во земјава, велат дека кај нив намалувањето на потрошувачката на бензин е околу 12%, но има намалување и на потрошувачката на екстра лесното гориво.

Според првиот човек на „Макпетрол”, Андреја Јосифовски, овие бројки се утврдени по негова проценка, но и во контактите со двајцата други позначајни играчи на пазарот во земјава, а тоа се рафинеријата ОКТА и „Лукоил”.

Кај сите три компании е забележано драстично намалување на потрошувачката на бензините што се должи на увозот на половни возила. Речиси 99% од увезените возила воглавно користат дизел, место бензин  вели Јосифовски.

Според податоците на официјалниот веб сајт на Царинската управа на Македонија, од 2009 година до крајот на ноември 2012 во земјава се увезени 114.578 половни автомобили и доколку просечната цена е околу 3.000 евра тоа значи дека речиси 350 милиони евра се дадени за купување на овие возила.

Најголем интерес за увоз на употребувани возила имало во 2010 година кога се увезени 51.339 автомобили и 2.483 возила, бидејќи тогаш стапи во сила законот со кој се дозволија поволните услови за македонските граѓани кои го обновија својот стар возен парк. Таа година биле наплатени околу 52.000 фактури со вкупна вредност од 11,4 милијарди денари. Лани интересот бил помал или трговците оцариниле само 35.000 возила. Годинава увозот на стари возила е двојно намален ако се спореди со рекордната 2010 година со вкупно 25.000 коли кои биле фактурирани на околу 8 милијарди денари.

Заради економската криза, годинава се намали не само интересот за старите возила, туку и за новите. Заклучно со 30 ноември оцаринети се 3.675 нови автомобили, 784 товарни возила и 162 автобуси. Само од Германија увезени се 1.100 нови и околу 17.000 половни автомобили.

Овие бројни не се ни приближно од очекувањата, иако директорот на импортерот „Кадис”, Зоран Калеников, за Вечер најави дека годинава што изминува е најлоша во историјата на продажба на нови автомобили. Според него, не треба да биде така пред се заради тоа што во продажните салони се нудат најконкурентни цени на ниво на регионов.

Калеников тогаш велеше дека годинава пазарот ќе го завршиме со околу 5.000 нови продадени автомобили што е едвај 1% од вкупниот возен парк што го има земјава или околу 380.000 до 400.000 возила.

Автомобилите годинава најмногу ги купуваа правните лица, а многу малку физичките лица, што е сосема обратно од минатите години кога доминираа тие со 75% од вкупната продажба,а само 25 % остануваше на фирмите  укажа Калеников.

Според него, причина за ваквата состојба е што банките не одобруваат поволни автомобилски кредити.

За разлика од Македонија, во регионов состојбата на продажба на нови автомобили е поповолна кај нашите соседи, особено во Бугарија и Србија, иако изминативе години беше обратно. Во Србија годинава е регистрирана рекордна продажба на 18.000 нови автомобили.

[custom_frame_center]Старите Дизелаши Асли Муштерии на Пумпаши[/custom_frame_center]

Превземено: Вечер

Датум на објавата: 21.12.2012

Автор: Валентина Марјановиќ

By | 2012-12-21T12:06:23+00:00 21/12/2012|Нафтени деривати|