Театрите ќе се Опремуваат со Современа Техника

//Театрите ќе се Опремуваат со Современа Техника

Театрите ќе се Опремуваат со Современа Техника

Театрите низ земјава ќе се опременуваат со најсовремена техника во првиот бран идната година. Ќе се модернизираат 9 од вкупно 15 театри.

Театрите низ Македонија, ќе добијат нова опрема. Рефлектори, тонски миксети, електронски чиги е само дел од опремата која им била најнеопходна на овие културни институции.

Првично ќе се опремуваат 9, од вкупно 15 театри.

Опремата која што е доста застарена која што е набавувана од периодот 1980-1983 година од тогаш воопшто не е набавена нова техничка опрема но инцидентно се решавани некои неопходни потреби, истакна министерката Елизабета Канческа-Милевска.

Директорите на театрите велат дека им се исполнил долгогодишниот сон. Да работат во институции со современа техника и технологија, како што е секаде низ светот.

Не само што сум убеден дека ќе биде добро сето ова за театарските продукции во Македонија, не само тоа туку ќе се зголеми продукцијата на поквалитетно ниво, туку и начинот на однесување и на актерите и на сите оние што работат, сите театарски дејци и публиката ќе го смени односот кон театарот, рече Дејан Лилиќ, директор на МНТ.

Потребата на луѓето кои живеат на овој простор од култура и потребата на луѓето за да создадат култура е голема, рече Атила Клинче, директор на турски театар.

Тендерот за набавка на нова опрема ќе биде распишан годинава, а ќе почне да се реализира од идната и ќе трае три години. Проектот ќе чини 20 милиони денари.

httpv://www.youtube.com/watch?v=oU0e9SAPZgc

Превземено: Сител

Датум на објавата: 13.06.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Елена Бошковска

By | 2012-06-14T04:54:50+00:00 14/06/2012|Култура|