Телефоните Оружје за Препишување на Испит

//Телефоните Оружје за Препишување на Испит

Телефоните Оружје за Препишување на Испит

[custom_frame_left]Untitled[/custom_frame_left] Најстрогата казна кај нас за мамење е шест месеци неполагање. Во Америка студентот дури нема право да се запише на друг факултет.

Студентите од факултетите во земјава се почесто ги користат мобилните телефони за препишување на испит, наместо за зборување. Според искуствата на универзитетските професори, мамење на испит имало отсекогаш очекуваат да има во иднина, но сега внимателно направените ливчиња пикнати под ракав се заменети со новата технологија. Студентите што во минатите години добиле казна најчесто биле фаќани како друга личност им диктира одговори преку телефон. Затоа на многу наши факултети како, на пример, Филозофскиот постојат блокатори за мобилните телефони.

Слоботка Алексовска, продекан за наука на ПМФ, вели дека секогаш имало студенти што препишуваат. На овој факултет секоја година имало по два тројца студенти што одат на дисциплинска комисија поради мамење.

Секој случај го разгледува дисциплинска комисија и казните се различни во зависност од случајот. Најчесто му се забранува на студентот да го полага испитот неколку сесии, па тоа може да го чини да падне една година. Последниве години најчесто препишуваат со помош на технички помагала, телефони, но и на стариот начин со ливчиња или препишување од колеги. Се развиваат цели стратегии за начинот на препишување вели Алексовска.

Продеканот за наука на Правен факултет од универзитетот во Битола, Љупчо Наумовски, вели дека во една студиска година фаќаат најмногу до тројца студенти што препишувале. Најстрогата казна е шест месеци забрана за полагање на испитот.

Има јасна процедура како се постапува, за среќа, немаме често вакви случаи. Инаку најчесто се препишува со помош на мобилни телефони, но и со ливчиња и со дошепнување вели тој.

Професор што сакаше да остане анонимен вели дека во една од фотокопирниците на факултетот фатил студент, кој буквално си го смалил учебникот како да е мал именик. Инаку казните за ова дело, во Америка се најстроги, па студентот дури нема право да се запише на факултет, а во Европа е различно во секоја земја. Според професорката Алексовска, нашите казни се благи, но доволни, бидејќи ова најчесто го прават студенти од прва година.

Тие уште не знаат како функционира факултетот, мислат дека се во средно, па затоа и не треба казната да е премногу строга. Најчесто сфаќаат дека згрешиле, засрамени се и ретко кој го повторува делото. Инаку во Америка и во некои европски земји ова дело се казнува најстрого, со бркање од факултет и забрана за запишување на друг. Тие немаат дилема дека студентите што препишуваат се неморални и не заслужуваат факултетска диплома  вели Алексовска.

Студентка од Македонија, која студирала на универзитетот „Шефилд” во Солун, раскажува дека откако препишувањето добило размери на епидемија, надлежните одредиле прстроги казни.

Пропишаа нова казна  паѓаш на тој испит, но и на сите други што си ги пријавил во таа сесија вели студентката.

Професорката од Институтот за психологија од Филозофски факултет од Скопје, Виолета Арнаудова, вели дека постојат два типа студенти, кои се дрзнуваат да мамат на испит. Првиот се оние кои учат, покажуваат добри резултати на предавањата, но сакаат повисоки оценки.

Тоа се студенти со низок степен на самодоверба, не се сигурни колку научиле, а сакаат да остварат подобри резултати. Побројната група на студенти е таа што има самодоверба, но помалку учи, и на некој начин го потценуваат професорот вели Арнаудова.

Радиото ги открива измамниците

Професор Љупчо Наумовски си воспоставил свој систем за тоа како да ги лови измамниците што препишуваат со помош на мобилен телефон.

Откако ќе почне испитот, без да знаат студентите, си поминувам низ училницата со вклучено радио на мојот мобилен телефон. Таму каде што ќе се јави фонија или шуштење, значи и дека има вклучено мобилен телефон вели тој.

[custom_frame_center]Телефоните Оружје за Препишување на Испит[/custom_frame_center]

Превземено: Дневник

Датум на објавата: 07.07.2012

Автор: Милена Атанасоска Манасиева

By | 2012-07-07T19:22:21+00:00 07/07/2012|Образование|