„Тинекс“ Донира Нови Апарати за Стерилизација на Воздухот за Клиниката за Детска Хирургија

/, Маркети/„Тинекс“ Донира Нови Апарати за Стерилизација на Воздухот за Клиниката за Детска Хирургија

„Тинекс“ Донира Нови Апарати за Стерилизација на Воздухот за Клиниката за Детска Хирургија

Клиниката за детска хирургија во Скопје доби нови апарати за стерилизација на воздухот. Донацијата чија вредност е над половина милион  денари ја обезбеди компанијата „Тинекс“ во рамки на платформата за општествена одговорност „Тинекс, ти и јас“. [custom_frame_right][/custom_frame_right]

Овие апарати за стерилизација на воздухот се за употреба во медицински установи каде што постои ризик од инфекции. Ќе овозможат соодветно прочистување на воздухот во болничките соби и во другите простории на Клиниката за детска хирургија и побезбедни услови за третман и престој, што е од исклучително значење за здравјето на децата кои тука се лекуваат.

Апаратите за стерилизација на воздухот се произведени во Македонија и претставуваат најмодерна технологија во оваа област.

– Ни претставува големо задоволство што имаме можност да ги подобриме условите во институција во која престојуваат дечиња и да го направиме нивниот престој тука колку што е можно попријатен и побезбеден. Нашата компанија и во следниот период ќе продолжи да поддржува и иницира вакви активности од јавен интерес, изјави Цветанка Христовска, претставник на „Тинекс“.

Клиниката за детска хирургија е единствена институција од ваков вид во земјава, каде што хируршки се лекуваат болести кај деца.

– Тимот на Клиниката за детска хирургија постојано работи на усовршување за да им понуди на пациентите најсовремен медицински третман. Но, освен стручниот третман важно е и во каков простор престојуваат. Ваквите иницијативи се за нас многу значајни бидејќи со заеднички напори и со партнерство ќе успееме болничките услови да ги подигнеме на повисоко ниво“, изјави д-р Ристо Симеонов, директор на Клиниката.

Компанијата „Тинекс“ на почеток на годината ја почна платформата „Тинекс, ти и јас“ како продолжување и интензивирање на активностите за заедницата што се реализираа во изминатите 18 години. Се спроведуваат проекти од интерес на пошироката заедница во различни области, уметност и култура, заштита на животната средина, спорт, здравство, образование и помош на социјално ранливи групи.

[custom_frame_center]„Тинекс“ Донира Нови Апарати за Стерилизација на Воздухот за Клиниката за Детска Хирургија[/custom_frame_center]

Превземено: www.denesen.mk

Датум на објавата: 04.12.2012

By | 2012-12-05T11:19:30+00:00 05/12/2012|Здравство, Маркети|