Тојота ќе Повика на Вонреден Сервис 1.000 Возила

//Тојота ќе Повика на Вонреден Сервис 1.000 Возила

Тојота ќе Повика на Вонреден Сервис 1.000 Возила

Вкуп­но 1.000 возила во Македонија ќе повика “Тојота” за сервис на пре­ки­ну­ва­чот за отворање и затворање на возачкиот прозорец, информираат од “Тојота автоцентар”. Возилата кои ќе се повикаат се произведени во пер­и­о­дот од 2006 до 2008 година, а сервисот на прекинувачот трае нај­мно­гу 30 минути и е бесплатен.

“Уо­че­но е дека со тек на време прекинувачот, кој е сместен на возачката вра­та, може да почне да дава отпор при користењето. На американскиот па­зар забележале дека при користење на обични комерцијални луб­ри­кан­ти за подмачкување на прекинувачот, може да дојде до појава на чад. За да се избегне ваква ситуација, ги повикуваме потрошувачите на сервис, ка­ко дел од глобалната превентивна сервисна акција во која ќе бидат вклуче­ни 7,4 милиони возила низ целиот свет, од кои приближно 1,39 ми­ли­о­ни во Европа”, велат од “Тојота автоцентар”.

На Интернет страницата на компанијата, според бројот на шасијата може да се провери кои возила би требало да одат на контрола.

[custom_frame_center]Тојота ќе Повика на Вонреден Сервис 1.000 Возила[/custom_frame_center]

Превземено: www.vest.com.mk

Датум на објавата: 16.10.2012

Автор: T.J.

By | 2012-10-17T08:35:09+00:00 17/10/2012|Автомобили|