Триглав ќе го Развива Македонскиот Осигурителен Пазар

//Триглав ќе го Развива Македонскиот Осигурителен Пазар

Триглав ќе го Развива Македонскиот Осигурителен Пазар

Освен берзанскиот, заживување треба и на осигурителниот пазар во земјава. Македонците се уште преферираат имотно наместо животно осигурување.

Македонскиот осигурителен пазар е најмалку развиен од сите земји од поранешна Југославија, со оглед на тоа што премијата по глава на жител е помала од 50 евра, додека во Словенија е поголема и од 1000 евра.

Од групацијата Триглав кои се водечки во Словенија и во останатите земји во регионот планираат дополнителен развој на имотното осигурување со кое веќе се присутни, како и влез во делот на здравственото осигурување.

Она што јас мислам дека е важно за Македонија и сите играчи кои играме на осигурителнито пазар, осигурувачите, брокерите, агенцијата за надзор на осигурувањето е да ја подигнеме културата на осигурување. На луѓето тука потребен им е некој кој ќе им даде на знаење дека осигурувањето не е трошок туку инвестиции во животи и во имот. Мислам дека тоа е најважна работа за иден развој на осигурувањето во земјава.

Развој на животното осигурување кое во Македонија се уште е на ниско ниво. За Триглав во моментов не е приоритет со оглед на финансиската криза која го прави овој дел од осигурувањето помалку интересен за инвестирање. Македонците најмногу ги осигуруваат возилата, имотот, а го користат и здравственото и патничкото осигурување.

Превземено: Алфа

Датум на објавата: 09.01.2013

Термин: 19.00 часот

Автор: Марија Мининчиќ

By | 2013-01-10T07:31:44+00:00 10/01/2013|Осигурување|