Тркалезна маса со Чивнинг стипендисти од регионот

//Тркалезна маса со Чивнинг стипендисти од регионот

Тркалезна маса со Чивнинг стипендисти од регионот

Асоцијацијата на Чивнинг Стипендисти во Македонија (МЦАА) со поддршка од Програмскиот Фонд за Чивнинг Алумни (CAFF) организира Тркалезна маса со Чивнинг стипендисти од регионот (Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Косово, Црна Гора и Бугарија) со фокус на перспективите за Западен Балкан по Лондонскиот Самит.

– Датум: 6ти Октомври

– Време: 10:00

– Локација: Национална Универзитетска Библиотека св.Климент Охридски

Во склоп на настанот насловен “Western Balkans beyond the London Summit” ќе има две паралелни панели:

Панел 1: Економска стабилност, меѓусебна поврзаност, вклучувајќи млади и образование
Панел 2: Регионална безбедност, Корупција и политичка стабилност

Како дел од настанот во 14 часот ќе се одржи и информативна сесија за презентација на Чивнинг стипендијата за мастер студии каде сите заинтересирани ќе имаат можност да слушната повеќе детали за истата како и директно да зборуваат со стипендистите за искуствата.

Работен јазик ќе биде англиски а превод ќе биде обебеден само во воведниот дел.

Повеќе инфо за Асоцијацијата може да најдете овде – https://www.facebook.com/Macedonian.Chevening.Alumni/ или на Веб сајтот http://mcaa.mk/default.aspx

Инфо за панел сесиите – https://www.facebook.com/events/745347665806568/

Инфо за презентација за стипендија – https://www.facebook.com/events/543726266088283/

Сите заинтересирани да го потврдат своето присуство на mk.chevening.alumni@gmail.com

By | 2018-10-03T12:50:29+00:00 03/10/2018|Образование|