Учебната Почна, Колку Чини Првачето?

//Учебната Почна, Колку Чини Првачето?

Учебната Почна, Колку Чини Првачето?

Родителите во минус на сметката, наставниците незадоволни од платите, власта го преиспитува бројот на вработени и можностите на буџетот, несраземерен однос меѓу наставниците и учениците, децата жалат поради крајот на распустот, но и се радуваат на повторната средба со другарчињата.

Почнува учебната година, нова, а со стари проблеми, најчесто исти секоја година недостиг од пари. Сепак, поаѓањето на првачињата во училиште е радосен настан во семејството, па родителите сметаат дека за овој свечен момент, освен прибор, првачето мора да добие се ново, од патика и јакна, до маица. За да се подготви еден првоодделенец потребен е прибор, дрвени боички, пластелин, фломастери, темперни бои, тетратки, боенки, работни листови, глина, ножички, блокчиња, линијари, папки, хартија во боја, ранец и облека.

Голем дел од родителите веќе имаат набавено дел од школскиот прибор и облеката, но велат дека дополнително денеска на првиот училишен час ќе се информираат од учителките дали ќе треба да докупат уште нешто.

По обиколката на книжарниците во главниот град дојдовме до сума дека само за купување на ранец и училишен прибор родителите ќе треба да одвојат најмалку 2000 денари и тоа доколку купуваат на пазарите или во кинеските продавници. Во книжарниците цените се повисоки, а најмногу чини ранецот. Чантата за училиште со ликовите на омилените цртани херои на децата во книжарницата чини околу 2500 денари.

Првачињата се најмногу возбудени и бараат да им се купи се, а најмногу одбираат тетратки и ранци на кои на предната страна ги има нивните јунаци од сериите. Школскиот прибор деновиве најмногу се бара  велат од книжарниците.

Облеката е задолжителен дел од подготовките. Секако гардеробата за првачето чини далеку повеќе од приборот. Иако детска, оваа облека веќе одамна е дури и поскапа од онаа за возрасните. За да остават добар впечаток пред новите другарчиња, родителите често се одлучуваат на дечињата да им купат и квалитетна и брендирана облека за првиот час, се разбира, доколку може тоа да си го дозволат. Сепак една јакна, дуксер, панталончиња, маица, чевли и патики во просек родителите ќе ги чини околу 5 000 до 6 000 денари. Се разбира цените варираат во зависност од местата од каде облеката е купена, па на пазарите таа може да чини и многу помалку.

Како и секоја мајка и јас за мојата ќерка ги купив најубавите работи за првиот училишен ден, се разбира, што можам да си ги дозволам со мојата плата. Тргнувањето на училиште е навистина радосен момент во семејството и затоа не сакам да штедам. Ние веќе набавивме малку поскап ранец, околу 2000 денари, бидејќи е поквалитетен за да не се скине уште првиот ден  вели Весна А., мајка на првоодделенка.

Во основните училишта во оваа учебна година настава ќе следат околу 200.000 ученици од кои во прво одделение се запишани 20.700 ученици. Запишувањето на првачињата ќе се врши и во септември, информираат од Министерството за образование и наука. Лани, потенцираат, од таму наставата ја следеле 199.892 ученици од кои 21.332 во прво одделение.

[custom_frame_center]Учебната Почна, Колку Чини Првачето?[/custom_frame_center]

Превземено: Вечер

Датум на објавата: 03.09.2012

Автор: С.М.

By | 2012-09-03T05:29:01+00:00 03/09/2012|Образование|