УНИБанка со позитивни резултати во третиот квартал од 2012 год.

/, Економија/УНИБанка со позитивни резултати во третиот квартал од 2012 год.

УНИБанка со позитивни резултати во третиот квартал од 2012 год.

УНИБанка заклучно со третиот квартал од 2012 година оствари успешни резултати во сите сегменти од нејзиното работење.

Вкупните нето приходи од банкарски операции забележаа пораст од 3,82% во однос на истиот период лани.

Нето каматните приходи во однос на септември 2011 година се зголемени од 302,5 милиони денари на 320,3 милиони денари или за 5,88%.

Нето некаматоносните приходи достигнаа ниво од 142,8 милиони денари и го задржаа нивото од септември 2011.

Расходите за дејноста се зголемени за 6,51% во однос на истиот период минатата година.

Нето активата на 30.09.2012 година достигна ниво од 11.160,4 милиони денари.

Депозитите од население постигнаа значителен пораст. Имено, во периодот Септември 2011 – Септември 2012 тие се зголемени од 6.271,2 милиони денари на 7.303,0 милиони денари односно за 16,46%.

Како резултат на се претходно наведено добивката на Банката заклучно со Септември 2012 година изнесува 51,6 милиони денари што е за 2,35% повеќе од истиот период минатата година.

Горенаведеното го потврдува и големиот број на клиенти на УНИБанка кој во изминатата година порасна за 3,17%.

И во текот на 2012 година УНИБанка го задржа лидерското водство во картичното работење со пазарно учество над 10%.

Политиката на Банката и понатаму останува да биде давање финансиска поддршка како на малиот и средниот бизнис, така и на секторот население.

[custom_frame_center]УНИБанка со позитивни резултати во третиот квартал од 2012 год.[/custom_frame_center]

 

Извор: www.tocka.com.mk

Датум на објава: 06.11.2012

By | 2012-11-06T12:35:25+00:00 06/11/2012|Банки, Економија|