Вечерва Концерт На Заз

/, Музика/Вечерва Концерт На Заз

Вечерва Концерт На Заз

Македонските обожаватели на Заз конечно ќе ја остварат долгоочекуваната концертна средба со најпопуларната нова пејачка во светот. Заз, интерконтиненталниот музички феномен од парискиот Монмартр, првпат доаѓа во Скопје на концертот што ќе се одржи вечерва во „Универзална сала”. Младата пејачка со уникатна харизма и со вонсериски пејачки способности за мошне кратко време стана популарна.

Очекувано беше брзото темпо на продажбата на билетите за нејзиниот концерт кај нас, кој рече десетина дена е целосно распродаден – велат од „Пасворд продукција”, организаторот на концертот.

Како предгрупа ќе настапи младата македонска група „7 Оуи”. Групата ја предводи Јована Крстевска, која неодамна со овој состав настапи на натпреварот за француска шансона, каде беше единствениот учесник со авторска песна, а одличниот настап беше пресуден за тие да бидат и предгрупа на Заз. Во групата членуваат уште четворица млади музичари, посветени на францускиот музички стил, дополнувајќи го звукот на „7 Оуи” со вокална придружба, хармоника, клавијатури и со битбокс.

[custom_frame_center]Вечерва концерт на Заз[/custom_frame_center]

Извор: Ден

Датум на објаваз: 28.05.2012

 

By | 2012-05-28T12:45:58+00:00 28/05/2012|Македонија, Музика|