„Винер Осигурување“ се Сели во Бизнис – Центарот „Синерџи“

//„Винер Осигурување“ се Сели во Бизнис – Центарот „Синерџи“

„Винер Осигурување“ се Сели во Бизнис – Центарот „Синерџи“

Осигурителната компанија „Винер“, дел од групацијата „Виена иншуренс груп“, се сели во нови, проширени и посовремени деловни простории. Новата локација на „Винер“ е бизнис-центарот „Синерџи“, кој е лоциран на ул. Владимир Комаров 11А, веднаш до ПИОМ, во близина на железничката станица во Скопје

Од компанијата велат дека селењето во значајно поголеми и во секој поглед посовремени канцеларии се должи на константното зголемување на обемот на работа на „Винер“ и на постојаната посветеност да се обезбедат најдобрите услови за услуга на клиентите.

– Новиот деловен простор на „Винер“ ја отсликува нашата деловна филозофија на модерна, динамична и брзорастечка компанија, чии деловни простории се дизајнирани да понудат максимална можност за брзо, ефикасно и соодветно услужување на клиентите. Пријавата и обработката на штетите ќе се одвиваат уште побрзо – на паркинг-просторите посебно предвидени за тоа, а продажбата ќе се врши во услови приспособени за целосно задоволство на секој клиент, со задолжителните пријатни изненадувања по кои „Винер“ стана препознатлив на пазарот – велат во „Винер осигурување“.

Инаку, според последниот извештај на Агенцијата за супервизија на осигурувањето, за вториот квартал од 2012 година „Винер“ има зголемен пазарен удел од 12,4 проценти, со што уште посилно се зацврсти на врвот на македонскиот осигурителен пазар. Според овој извештај, освен по порастот на пазарниот удел, компанијата е апсолутен лидер и по ефикасноста на решени штети. На тој начин „Винер осигурување“, освен како лидер во продажбата, се позиционира и како доминантна компанија во поглед на квалитетот на постпродажни услуги, што се покажува како мошне битен фактор при изборот на осигурителната компанија, за што најголем доказ е континуираниот пораст на компанијата во изминативе години.

[custom_frame_center]„Винер Осигурување“ се Сели во Бизнис - Центарот „Синерџи“[/custom_frame_center]

Превземено: www.novamakedonija.com.mk

Датум на објавата: 09.10.2012

By | 2012-10-10T08:20:29+00:00 10/10/2012|Осигурување|