„Визер“ на македонските граѓани ќе им овозможи евтини летови

/, Економија/„Визер“ на македонските граѓани ќе им овозможи евтини летови

„Визер“ на македонските граѓани ќе им овозможи евтини летови

Од ефтините летови ќар ќе немаат само Mакедонците кои ќе можат повеќе да патуваат во странство, туку и целата држава поради очекуваниот зголемен број на странски гости. Македонија станува достапна дестинација за Eвропејците. Влезот на Виз Eр нема да донесе само повеќе туристи, туку и нови вработувања.

Ќе бидат отворени 300 нови работни места. Со зголемениот број на патници ќе има потреба од повеќе вработувања во хотели, ресторани. Дополнителните приливи ќе доаѓаат од зголемениот број туристи, бидејќи ќе има повеќе трошење низ нашите ресторани, низ нашите хотели, сувернирници – рече Никола Груевски, премиер на Македонија.

Виз Ер во Македонија ќе вложи околу 80 милиони долари. За три години од Владата ќе добие 5 милиони евра субвенции. Државава ќе станане 16-тата база на унгарската нискобуџетна компанија.

Мерките за привлекување на странски туристи даваат резултати Само во првиот квартал годинава бројот на патници се зголеми за 24 проценти, а до крајот на годинава низ Александар Велики се очекува да минат милион туристи.

[custom_frame_center]„Визер“ на македонските граѓани ќе им овозможи евтини летови[/custom_frame_center]

Извор: www.mtv.com.mk

Датум на Објава: 23.06.2012

By | 2012-06-25T12:00:26+00:00 25/06/2012|Авиосообраќај, Економија|