Виз Ер во Октомври во Скопје ја Отвара Својата 16та База

//Виз Ер во Октомври во Скопје ја Отвара Својата 16та База

Виз Ер во Октомври во Скопје ја Отвара Својата 16та База

Македонија влегува во картата на ниско буџетната авиокомпанија Виз Ер. Најавениот зголемен број на летови од аеродромот Александар Македонски предизвика потреба од изградба на оперативен центар во кој што компанијата ќе вложи 63 милиони евра.

Виз Ер во Октомври во Скопје ја отвара својата 16та база. Најмалку еден авион ќе биде закотвен на Александар Велики со што Македонија ќе стане дел од мрежата на ниско буџетниот авио – превозник кој лета на 249 линии до 78 дестинации во 28 држави.

Нашиот план е во следниве два месеца да отвориме нова база од земја од која ќе работиме, а тоа е Скопје во Македонија изјавил во Белград за српските медиуми Јоже Баради извршниот директор на македонската фирма што веќе ја регистрираше Виз Ер.

Авио – превозникот ќе добие 5 милиони евра помош од Владата за ширење на своите операции ќе вложи 63 милиони евра и ќе отвори 300 работни места како што предвидува потпишаниот три годишен договор за субвенционирање.

Инсистираме вработување локален персонал. Секако дека на почетокот имаме оперативни ограничувања и би морале да имаме пилоти од други држави. Ниската цена не значи лош квалитет и ложа услуга. Владата има исправен пристап за зголемување на авиосообраќајот. Други држави вложуваат стотици милиони евра во скапи компании без посакуван резултат.

Од крајот на октомври во еден правец со вклучени аеродромски такси ќе се лета до Милано и Минхен за цени од 9 евра до Дортмунт, Базел и Ајнховен од 13 и до Малме од 18 евра. Веќе воспоставените Лондон и Венеција остануваат, а од наредното лето можни нови дестинации се Брисел, Рим и Барселона.

Превземено: МТВ 1

Датум на објавата: 02.09.2012

Термин: 17.00 часот

Автор: Гордана Ѓорчева

 

By | 2012-09-03T05:00:40+00:00 03/09/2012|Авиосообраќај|