Владата Одвои 2,5 Милиони Евра за Директна Поддршка на Туризмот

//Владата Одвои 2,5 Милиони Евра за Директна Поддршка на Туризмот

Владата Одвои 2,5 Милиони Евра за Директна Поддршка на Туризмот

[custom_frame_left][/custom_frame_left] Владата следната година ќе го стимулира развојот на туризмот со три милиони евра од што очекува девизен прилив од над 200 милиони евра, како и поголем број на туристи.

Владниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска на прес-конференција информира дека Владата усвоила Програма за туристичка промоција на Македонија и поддршка на туризмот за 2013 година за чие финансирање се обезбедени 2,5 милиони евра, јави Миа.

Тој износ е повисок за 1,5 милиони евра  во однос на годинешниот. Воедно преку посебни програми на министерствата ќе бидат одвоени уште дополнителни половина милион евра, со кои ќе се стимулира развој на алтернативен, вински, селски, културен и спортски туризам…

Зголемувањето на финансиите за туризмот, според портпаролот, е со цел продолжување на досегашните владини политики, коишто резултирале со зголемен број туристи од странство и зголемен девизен прилив по тој основ.

Посебен акцент со Програмата е ставен на субвенциите за привлекување странски туристи. Владата одлучи да се зголеми нивниот износ и тој да биде повеќе од сегашните 800.000 евра за таа намена, посочи Ѓорѓиев.

Целта на Програмата, појасни, е туристичка промоција на Македонија на таргетирани пазари, етаблирање на државата како туристичка дестинација во светот, субвенционирање на тур-операторите кои носат странски гости, отворање нови и засилување на брендот на веќе постоечките.

Финансиите што ги одвојува Владата за туризмот ќе бидат наменети за организирано претставување  на поголем број туристички саеми, недели на македонски туризам во таргетирани држави, спроведување медуимска кампања и посети на Македонија на тур-оператори и странски медиуми, како и изработка на софтверски водич за туризам за мобилна телефонија и мапирање туристички занимливости.

Според Георгиев, ќе се развијат и неколку нови модалитети за поддршка на туризмот, како што е проект за самовработување во оваа гранка. Ќе се финансира отворање нови бизниси со пари што ќе ги дава државата под поволни услови.

Активностите за промоција на Македонија од географски аспект се распоредени во три круга. Првиот е целен пазар Балкан во кој влегуваат сите соседни земји плус Словенија, Хрватска, БиХ, Црна Гора, Романија и Турција. – Најголемиот број туристи доаѓаат од овие земји. Во тој круг ќе се насочиме кон промоција и лобирање кај туроператорите  и кон граѓабите. Фокус е и летен и зимски туризам, наведе портпаролот на Владата.

Вториот целен круг се европските држави и Русија и Укарина. Посебен фокус ќе има кон земјите со кои има директни авионски или чартер линии кон Македонија. За таа цел ќе се даде обврска на промоторите за лобирање за обебзедување туристи.

– За земјите од Бенелукс, кои се традиционален партнер, ќе одиме на збогатување на квалитетот на понудата, како и фокусирање на проширување кон зимски туризам, додаде Ѓорѓиев.

Во третиот круг се останатите земји, арапските и од Северна Америка и Источна Азија. Со оглед на трендот на посета на поголем број земји од тие простори се планира координирана туристичка понуда со соседните држави во пакет аранжаман.

– Програмата ќе донесе нова корист. За туристичките агенции кои  ќе остварат нови приходи, ќе овозможи и нови вработувања, ќе имаат корист и хотелиерите со пополнување на нивните капацитети. Дополнително ќе се поддржи и угостителството, и остатанатите придружни 20 дејности кои се поврзани со туризмот, од што корист ќе имаат граѓаните и нивните бизниси или пак општиот приход, нагласи Ѓорѓиев.

Лани од девизен прилив од туризмот во Македонија се влезени 171 милион евра. Секој странски турист просечно трошел по 523 евра, од кои околу 100 евра за аранжман (ноќевање, престој…) и 420 евра за дополнителни трошоци. Минатогодишниот девизен прилив е повисок за 20 проценти во однос на 2010 година.

Во 2011 година  во однос на 2010 година бројот на странски туристи  е зголемен за 25 проценти, а во првите шест месеци  од годинава  во однос на истиот период лани за осум проценти.

[custom_frame_center]Владата Одвои 2,5 Милиони Евра за Директна Поддршка на Туризмот[/custom_frame_center]

Превземено: www.inpress.com.mk

Датум на објавата: 13.08.2012

By | 2012-08-14T11:58:55+00:00 14/08/2012|Туризам|