Во Кино Култура ќе се одржи премиерата на краткометражниот филм “Благословена”

//Во Кино Култура ќе се одржи премиерата на краткометражниот филм “Благословена”

Во Кино Култура ќе се одржи премиерата на краткометражниот филм “Благословена”

Ве информираме дека во петок, 4 Ноември во 21 часот, во просториите на Кино Култура ќе се одржи премиерата на краткометражниот филм “Благословена”, на режисерката Милиана Ленак. Филмот е чешко-македонска ко-продукција, а како продуценти се јавуваат  филмската академија ФАМУ од Прага, и Квазар Филм од Скопје. Филмот е сниман во Прага, на чешки јазик и во него настапуваат реномираните актери Јана Козубкова, Јакуб Готвалд, Хонза Хајек, Даниела Залешкова и Даниела Ворачкова. Дел од актерската екипа ќе присуствува на премиерата и ќе учествува во отворената дискусија по проекцијата. Камерата на филмот е на Ивон Теислерова, монтажата на Радован Петровиќ и Блаже Дулев, дизајнот на звукот е на Дарко Спасовски – Пацки и Горан Керкез, а музиката ја работеше Виктор Гајтановски. Во една од музичките нумери, која е обработка на песна од Драган Ѓаконовски Шпато, како вокал се јавува Тања Царовска. Дизајнот на постерот е на Марија Ветероска.

Филмот се осврнува на проблемот на пост-породилната депресија, преку призмата на една жена која во последните мигови пред породувањето, се обидува да се ориентира во својот заплеткан љубовен живот.

[custom_frame_center]Blessed_poster_Final_50x70cm[/custom_frame_center]
httpv://www.youtube.com/watch?v=U2JOyoKANvA

 

By | 2016-11-02T15:20:12+00:00 02/11/2016|Култура|