Во сабота Конференција за професионална ориентација на млади

//Во сабота Конференција за професионална ориентација на млади

Во сабота Конференција за професионална ориентација на млади

Ротари клубот Скопје – Камен Мост, во соработка со Меѓународното училиште НОВА и поддршка од градот Скопје, организира Конференција за професионална ори-ентација на средношколци под мо-тото „Зошто е толку важно да ја изберам вистинската професија за мене?”.

Конференцијата ќе се одржи на 13.04., сабота, од 12 до 17 часот, во просториите на Меѓународното училиште НОВА. На неа ќе се обратат повеќе истакнати говорници ка-ко Венко Андоновски, Жан Митрев, Димитар Богов и Илијанчо Гаговски, кои ќе го споделат своето лично искуство, за тоа како тие ја избрале својата животна професија пред учениците од 2-ра и 3-та година средно образование.

На собирот ќе бидат присутни 100-ина ученици од скопските средни училишта кои подоцна во мали групи ќе имаат шанса поде-тално да се информираат за специфичните професии како академска кариера, архитектура, бизнис и финансии, здравство и медицина, инженерство и право. Предавањата во малите групи ќе бидат водени од видни членови на Ротари клубот Скопје – Камен Мост.

Ротари клубот Скопје – Камен Мост изминатите години своите активности ги насочи кон подцршка на млади талентирани луѓе во миси-јата за остварување на нивниот це-лосен потенцијал. Во таа насока е и тековната иницијатива за конфе-ренција за професионална ориента-ција на млади. Во таа своја цел Ро-тари клубот е поддржан од Меѓународното училиште НОВА кое исто така во својата мисија го има вградено принципот за професионална наобразба на своите ученици.

[custom_frame_center]Во сабота Конференција за професионална ориентација на млади[/custom_frame_center]

 

Извор: Вечер

Датума на обајава: 11.04.2013

By | 2013-04-11T15:05:13+00:00 11/04/2013|Образование|