„Young Derm“- Проверен Квалитет со Нов Имиџ

//„Young Derm“- Проверен Квалитет со Нов Имиџ

„Young Derm“- Проверен Квалитет со Нов Имиџ

Дерматолошки тестираната формула со докажана ефикасност, зад која стои експертизата на реномираната компанија Алкалоид, конечно доби нов имиџ.

На редизајнот на производот се работеше 10 месеци, беа спроведени 2 квалитативни истражувања на пазарот за навиките, ставовите и за преференциите на младата, пребирлива, по малку комплицирана и висококритична возрасна група – тинејџери на возраст од 12 до 17 години, кои во голема мера учествуваа во креирањето на новиот изглед на производот, трендовски и близок до корисниците.

Предизвикот за креирањето на медиумската кампања беше преголем! Главната цел беше да се направи спот, кој не само што ќе го промовира новото пакување на производот туку и ќе предизвика интерес меѓу младите.

-Нашите истражувања беа повеќекратни. Наш таргет се помладата популација од 12 до 25 години. Тоа се тинејџери и млади лица кои во тој период имаат проблеми со кожата, пубертетски проблеми и кожа оптеретена со акни. Тие проблеми се вообичаени за лицата на оваа возраст, вели за Курир Дарко Нанов, вработен во маркетинг комуникации на Алкалиод.

Во новиот спот, тинејџерката Јана сонува да стане славна пејачка. Јана го има својот музички идол Тони Зен со кого што се појавува на концертната сцена и пее дует. Секако, тука е мајката на Јана, која како и секоја друга мајка, понекогаш знае да ги „сруши“ големите младешки и понекогаш нереални соништа, но велат: „Никогаш не се знае кој ќе се појави зад аголот“. Можеби тоа ќе е некој којшто сонуваме да го видиме…

Ова ќе биде комплетна кампања, којашто Алкалоид АД – Скопје ја креираше заедно со Концепт маркетинг комуникации, во извонредна техничка изведба на студиото за продукцијата Вертиго Вижуалс. Музиката, специјално за ТВ-спотот Young derm, ја направи Јован Јованов, текстот е на Тони Зен, а наскоро се очекува пуштање на целосната верзија на песната во македонскиот етер.

Креирана е интернет и Facebook-страница за колекцијата, ќе следуваат промоции на местата на продажба, а со свои стручни совети за нега на тинејџерската кожа ќе учествува врвната дерматолошка ординација Д-р Анчевски. Како централна активност на кампањата, Алкалоид најави промотивен настан кој ќе се случи на 10 јуни 2012 г., во Градскиот парк пред Школка, кој ќе го означи крајот на учебната година и ќе ги подготви тинејџерите за долгото топло лето, со нивниот нов идол – Young derm.

[custom_frame_center]„Young derm“- Проверен Квалитет со Нов Имиџ[/custom_frame_center]

Превземено: www.kurir.mk

Датум на објавата: 31.05.2012

By | 2012-06-02T06:09:18+00:00 02/06/2012|Козметика|