За „Браќа Манаки“ се пишува и во Вашингтон пост

/, Македонија/За „Браќа Манаки“ се пишува и во Вашингтон пост

За „Браќа Манаки“ се пишува и во Вашингтон пост

Интернет страницата на водечкиот американски печатен медиум, Вашингтон пост, ја забележала фотографијата на Катрин Денев во Битола.

Фотографијата е од свеченото отворање на 33-то издание на Интернационалниот фетсивал за филмска камера „Браќа Манаки“. Денев е регистрирана како чекори на црвениот тепих во Битола за да ја прими специјалната награда „Златна камера 300“ за исклучителен придонес во светската филмска уметност. Во галеријата на Вашингтон пост од 15. септември, Денев во Битола е прикажана меѓу информациите за Џон Траволта, Кристина Агилера, Ренди Џексон, Лијам Нисон и други.

За отворањето на Фестивалот се говореше во сите домашни и голем дел странски медиуми, бележејќи рекордни над 50 објави во текот на викендот што измина.

Рано утрово на „Браќа Манаки“ пристигна и Лучано Товоли, еден од најголемите кинематографери на италијанската и светската кинематографија, чиј исклучителен плоден опус со право го вклучува во Клубот на Великаните на „Браќа Манаки“.

Денес, специјален гостин на прес-конференцијата ќе биде искусниот португалски кинематографер Руи Покас од филмот „Табу“.

Од програмата Нови визии ќе присуствува најкинематограферот на Санденс 2012, Давид Редекер. Исто така, ќе бидат присутни и македонските режисери Марија Апчевска и Вардан Тозија, како и кинематограферот од филмот „Бардо“, Владимир Самоиловски.

[custom_frame_center]За „Браќа Манаки“ се пишува и во Вашингтон пост[/custom_frame_center]

Иавор: www.inpress.com.mk

Датум на објава: 19.09.2012

By | 2012-09-19T12:01:22+00:00 19/09/2012|Култура, Македонија|