За Три Години ќе Бидат Реконструирани 132 Основни и Средни Училишта

//За Три Години ќе Бидат Реконструирани 132 Основни и Средни Училишта

За Три Години ќе Бидат Реконструирани 132 Основни и Средни Училишта

[custom_frame_left][/custom_frame_left] Ќе се реконструираат 132 основни и средни училишта во 49 општини во државава. Направена е листа на приоритети и во зависност од состојбата на објектите ќе се менуваат подови, покриви, врати, прозорци, инсталации, санитарни јазли. Реконструкцијата и реновирањето на училиштата ќе се одвиваат по фази и ќе траат три години.

„Во Североисточниот и Вардарскиот регион ќе се реконструираат 36 училишта. Во Југозападниот и Југоисточниот регион 21 училиште. Пелагонискиот и Полошкиот 33 и во Скопскиот регион 42 училишта. Во Чаир 6, по 5 во Карпош, Аеродром, Сарај, Гази Баба. По 3 во Бутел, Центар и Кисела Вода, 2 во Ѓорче Петров”, вели Александар Ѓорѓиев портпарол на владата на Република Македонија.

За обновата на старите и руинирани училишта Владата ќе издвои 45 милиони евра, по 15 милиони во наредните три години. До крајот на јули ќе се избере и проектант, кој ќе ги изработи проектите за училиштата, а потоа и компанија која ќе го врши градежните работи и надзорот.

Во октомври ќе бидат отворени и новоизградените училишта во Аеродром, Шуто Оризари и Вевчани, а до крајот на оваа или почетокот на следната година ќе се пушти во употреба училиштето во Чаир. Во руралните средини продолжува поставувањето на модуларните училишта. На стартот на академската година студентите ќе се вселат во новите објекти во студентскиот дом Стив Наумов кои се изградени на местото на старите и дотраени бараки.

[custom_frame_center]За Три Години ќе Бидат Реконструирани 132 Основни и Средни Училишта[/custom_frame_center]

Превземено: www.kanal5.com.mk

Датум на објавата: 22.07.2012

Автор: Емилија Јовановска

By | 2012-07-23T06:29:44+00:00 23/07/2012|Образование|