За Туристи, Македонски Вина на Едно Место

//За Туристи, Македонски Вина на Едно Место

За Туристи, Македонски Вина на Едно Место

Македонската влада ќе подржи финансиска изградба на најмалку 20 продавници на македонско вино. Ова се со причина да се помогнат винопроизводителите како и туризмот.

20-тина специјализирани продавници за вино ќе никнат во 10 атрактивни туристички дестинации во Македонија.

Владата реши да финансира уникатни продавници направени во етно стил, каде ќе се продаваат неколку сорти од квалитетните македонски домашни вина.

Точно колку пари ќе се одвојат сеуште не се открива. Но финансиска помош ќе биде одвоена за месечна закупнина, опремување на просторот како и дел од платата на вработените.

Заинтересирани фирми кои ќе стопанисуваат со продавниците ќе се бараат од август, а првите ќе се отворат во 2013-та година.

Со оваа мерка во прво време се очекува да се отворат најмалку 100 работни места.

Придобивките од овој проект позитивно ќе се одразат и на развојот на туризмот и на обезбедување на нови вработувања, и на зголемување на продажбата на македонските вина и на директна подршка на македонските компании, истакна Александар Ѓорѓиев потпарол на владата на РМ.

Со оглед на тоа дека вината, пред се ќе бидат наменети за странски туристи, се предвидува да се не обично флаширани и со повисока цена.

Винските продавници освен на првичните одбрани 10 локации ќе бидат отворени на аеродромите, а потоа и во други градови.

Превземено: Сител

Датум на објавата: 26.07.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Марина Доковска

By | 2012-07-27T09:57:05+00:00 27/07/2012|Туризам|