Запознајте го Mr. Bricolage

//Запознајте го Mr. Bricolage

Запознајте го Mr. Bricolage

На 29ти март во Скопје ќе биде официјално отворен новиот маркет Mr. Bricolage на улица Перо Наков 106 во објектот на Скопски Пазар (во близина на универзитетот ФОН). Како што не информираа од Брико Македонија, маркетот ќе нуди ама баш се за уредување на домот и градината, со пријателска услуга и пристапни цени.

Mr. Bricolage е француски ланец на „направи сам” хипермаркети кој со својата традиција, професионалност и директен пријателски пристап комплетно го промени „направи сам” секторот во Франција. Компанијата која постои уште од далечната 1964 година, го изгради препознатливото име и ја стекна довербата од клиентите преку континуирана и долгорочна соработка со своите партнери и добавувачи, како и преку постојаната обука и инвестирање во своите вработени. Со вкупно 705 продавници, 11.000 вработени и продажен простор од над 1.600.000 т2, Mr. Bricolage спаѓа меѓу најдобрите 4 „направи сам” маркети на глобално ниво.

Не земајќи ги предвид продавниците во Франција, во Mr. Bricolage секој месец влегуваат по 500.000 клиенти, кои велат дека Mr. Bricolage им е „омилен продажен ланец поради пријатната атмосфера, добрата услуга и удобноста при купувањето”. Тоа се купувачи од Белгија, Романија, Бугарија, Србија, Мароко, Маурициус, Уругвај, Андора, Мадагаскар, а наскоро и од Македонија.

Успехот и подемот на компанијата се должи на професионалниот пристап, политиката за обука на вработените и силната посветеност кон воспоставување на врвни стандарди во работењето кои на купувачите им гарантираат стандардизирана услуга и еднаков квалитет на производите во сите продавници на Mr. Bricolage.

Високите стандарди, пријателската услуга и врвно обучениот кадар кој е секогаш подготвен да помогне не се единствените причини заради кои потрошувачите ширум светот со години наназад се одлучуваат да купуваат во Mr. Bricolage. Позитивното искуство на клиентите е надополнето и со големиот избор на артикли од асортиманот наменет за уредување на домот, градината како и за опремување на вашата работилница. Во Mr. Bricolage во Скопје, купувачите ќе имаат широк избор од дури 30.000 артикли распоредени на површина од 3000 м2 во категории како електрика и расвета, алати и железарија, градежништво, декорација, бои и лакови, се за бањата, керамички плочки, дрво, подови и подни облоги, се за уредување на градината и др. Сите производи се внимателно одбрани така, да со своите карактеристики ги задоволуваат стандардите за квалитет по добри цени.

Тоа што го издвојува од останатите маркети и поставува нови стандарди и навики е што во Mr. Bricolage потрошувачите на едно место ќе можат да добијат и бројни услуги кои ќе им го поедностават животот и ќе им заштедат значајно време. Дел од тие услуги се: испорака на купената стока, консултации со професионален кадар, кроење иверки според димензиите и желбите на купувачот, поставување на купениот ламинат, сечење стакло, правење на рамки за слики во димензии по желба на купувачот, мешање на бои и др.

Се ова се надоврзува на филозофијата на компанијата која го става купувачот во центарот на својот свет и му овозможува преку практични совети, не само да ја исполни својата замисла за уредување на домот и градината, туку и да заштеди на сите активости кои ќе се одлучи да ги заврши сам. Целта не е да се продаде повеќе, туку да се оствари искрена комуникација со потрошувачите за да може да се пронајде ефикасно и практично решение за нивните идеи, проекти и замисли.

За крај од Брико Македонија дополнуваат „Се стремиме сите наши купувачи да бидат задоволни од квалитетната услуга, посветеното внимание, пријателската насмевка и почита од нашите вработени”

[custom_frame_center]Запознајте го Mr. Bricolage[/custom_frame_center]

Превземено: Дневник

Датум на објавата: 23.03.2012

 

By | 2012-03-23T04:38:33+00:00 23/03/2012|Маркети|