Здрав Оброк за Енергичен Ден

//Здрав Оброк за Енергичен Ден

Здрав Оброк за Енергичен Ден

Под мотото: Здрав оброк за енергичен ден – заедно сме повкуснии, двата домашни водечки брендови Виталиа” и Бимилк” организираат заедничка акција Виталиа Чоко мусли + Бимилк млеко за промотивна цена од само 99 ден, со што на своите потрошувачи ќе им понудат единствен спој на здравје и задоволство. Ексклузивниот сет на житни снегулки и млеко ќе биде достапен во сите Тинекс” маркети во текот на овој и наредниот месец.[custom_frame_right][/custom_frame_right]

Во склад со здравиот начин на исхрана, двете компании уште еднаш ја потенцираат важноста на здравиот појадок во одржувањето на добро здравје и виталност. Препознатливите Виталиа мусли, оригинални по својот богат состав и неодолив вкус, потопени во Бимилк млеко креираат лесен и здрав оброк за целото семејство со одлично избалансиран нутритивен состав. Богатството на јаглехидрати, проетини и минерали се вистинска формула за здрав оброк и енергичен почеток на денот.

[custom_frame_center]Здрав Оброк за Енергичен Ден[/custom_frame_center]

Превземено: www.vecer.com.mk

Датум на објавата: 20.11.2012

By | 2012-11-21T11:18:44+00:00 21/11/2012|Млеко|