Земјоделските саеми- можност за отворање нови пазари

/, Земјоделство/Земјоделските саеми- можност за отворање нови пазари

Земјоделските саеми- можност за отворање нови пазари

Искуствата од големите саеми за храна и кај македонските земјоделци ќе внесат новини што ќе значат посовремено производство и пошироки пазари. Струмичките земјоделци неодамна се запознаа со ваквите мерки, но и со можностите за пристап до средства за развој.

Стотина македонски земјоделци се запознаваа со најновите достигнувања кај земјоделската механизација на Меѓународниот саем во Нови Сад. Фармерите велат дека потребни се големи инвестиции во механизација, за да се достигне повисоко ниво на земјоделско производство. Саемите, велат производителите, се голема можност да остврата контакти и да отворат пазар за нивниот род.

„Доаѓам на Саемот по вторпат. И тука има многу механизација. Сакаме да видиме новитети во земјоделството. Да примениме и кај нас во Македонија, има доста работи кои не сме ги виделе. Саемот е од големо значење за нас за младите“, вели Тимо Крстев, млад фармер од Иловица, струмичко.

Од Федерацијата на фармери оценуваат дека Македонија во земјоделството прави чекор напред, но дека треба уште многу за да мери со аграрот во земјите од Европската унија. Слабата финансиска моќ и раситнетоста на земјоделствот се едни од кочниците, сметаат од Федерацијата.

„Кај нас земјоделците се многу посиромашни. Овде има површини има голема хектаража. Овде има земјоделци кои имаат и до 5-6.000 хектари. Кај нас може се еден или двајца. Ние сме ситни земјоделци. Но и за ситните земјоделци има механизација која што можеме да ја користиме“, изјави Мемед Синани- потпретседател на ФФРМ.

Саемот во Нови Сад се одржува по 81-пат и е еден од 5-те водечки во Европа и еден од 10-те во светот. шеесетина земји ги преставија најновите технолошки достигнувања кај земјоделската механизација, агроиновациите, новините кај органското производство на храна, сточарството, обновливите извори на енергија и земјоделските технологии.

[custom_frame_center]Земјоделските саеми- можност за отворање нови пазари[/custom_frame_center]

Извор:  www.mrt.com.mk

Датум на објава: 27.05.2014

By | 2014-05-27T13:13:18+00:00 27/05/2014|Економија, Земјоделство|