Животното Осигурување Оствари Раст од 22,1%

//Животното Осигурување Оствари Раст од 22,1%

Животното Осигурување Оствари Раст од 22,1%

Осигурителниот пазар во Македонија забрзано се развива. Најновите статистички податоци од Агенцијата за супервизија на осигурувањето покажуваат дека полисираната премија за животно осигурување во првата половина од годината се зголемила за 22,1% споредено со истиот период лани.

Секторот на неживотно осигурување пак, расте со побавна динамика, а главен двигател на растот е зголемениот интерес за осигурувањето на имоти. Вкупната бруто-полисирана премија заклучно со вториот квартал од годинава изнесува 55,4 милиони евра.

Иако веќе трета година по ред животното осигурување расте со двоцифрени стапки, учеството во вкупната осигурителна премија изнесува 7,5% што претставува показател дека најголем дел од пазарот сè уште е неискористен.

Годишната премија по жител изнесува 3 евра. За споредба, учеството на премијата од животно осигурување во вкупната бруто-полисирана премија во земјите од регионот се движи околу 20%.

За годинава се најавува влез на две меѓународни осгурителни компании што ќе работат во доменот на животно осигурување со што се очекува дека овој сегмент уште позабрзано ќе се развива. Со тоа бројот на компании што нудат полиси за животно осигурување ќе се зголеми на 6, додека пак во делот на неживотно осигурување, во Македонија работат 11 компании.

[custom_frame_center]Животното Осигурување Оствари Раст од 22,1%[/custom_frame_center]

Превземено: www.kapital.mk

Датум на објавата: 03.10.2012

By | 2012-10-04T08:35:56+00:00 04/10/2012|Осигурување|