Живко Мукаетов доби „Златен медал” на Црвениот крст

//Живко Мукаетов доби „Златен медал” на Црвениот крст

Живко Мукаетов доби „Златен медал” на Црвениот крст

Црвениот крст на Р. Македониј му го додели престижното признание „Златен медал” на генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид” г. Живко Мукаетов, за безрезервната поддршка на социјални програми кои се насочени кон помагање на најранливата категорија граѓани.

На вчерашната пригодна церемонија во просториите на Црвениот крст оваа организација му изрази огромна благодарност за огромниот придонес кој континуирано со години го дава во насока на помош на оние на кои истата им е најпотребна.

Мукаетов изрази благодарност за доделеното признание: Ова е исклучителна чест за мене, но и попик да продолжиме понатаму со хуманата мисија – јас како индивидуа, но и моето семејство и компанијата што ја водам. Признанието „Бронзен поддржувач” им беше доделено на компаниите: Алфа банка, „Македонски телеком” „Пивара Скопје” и „Сава осигурување”.

[custom_frame_center]Живко Мукаетов доби „Златен медал" на Црвениот крст[/custom_frame_center]

Извор: Дневник

Датум на објава: 13.12.2013

By | 2013-12-13T16:09:11+00:00 13/12/2013|Здравство|