Маркети

/Маркети
22 05, 2014

Карфур и ТЦ РЕМ ги отвораат вратите на 18 јуни

By | 2014-05-22T11:24:10+00:00 22/05/2014|Маркети|

На 18 јуни се отвораат вратите за посетители на новиот трговски центар во Тетово. Вториот трговски центар во градот под Шара се отвора 1 ,5 месеци откако на влезот во Тетово беше отворен Палма Мол, а инвеститорот Ренова и покрај конкуренцијата очекува голема посетеност на уникатниот повеќенаменски комплекс РЕМ, кој вклучува и хотел и станбени единици. - Очекувам РЕМ да стане најпосетуваното место, бидејќи во него ќе бидат отворени реномирани продавници, ресторани, игротеки и други содржини за шо [...]

19 09, 2013

Жито Лукс супербренд и за 2013 и 2014 година

By | 2013-09-19T12:45:17+00:00 19/09/2013|Економија, Маркети|

Уште еден супербренд сертификат за 2013/2014 доби компанијата Жито Лукс од Скопје која е лидер во мелничко-пекарската индустрија. Од таму информираат дека потрошувачите можат и во иднина да очекуваат уште новитети „Постојано се трудиме да бидеме први во воведување на нови иновативни производи и унапредување во секој аспект од работењето. Признанието е секогаш, па и овој пат, поттик за поставување на повисоки цели. Во последните години лансиравме неколку нови производи како што се Нутри линијата [...]

5 02, 2013

„Скопје сити мол“ добро би се справил со евентуални ризици

By | 2013-02-05T14:49:27+00:00 05/02/2013|Македонија, Маркети|

Новиот трговски центар „Скопје сити мол“ е добро заштитен од евентуални непредвидени ситуации и можни ризици. Тоа го покажа и денешната голема противпожарна вежба, која беше спроведена на објектот.  „Противпожарната вежба е дел од нашата стратегија за идентификација, превенција и минимизирање на ефектите од непредвидени ситуации. Наша цел е да бидеме подготвени за управување на најдобар можен начин со можните ризици и вонредните ситуации. ’Скопје сити мол‘ има свој Кризен штаб, а сега видовме де [...]

31 12, 2012

Грците ја „Испразнија” Битола

By | 2012-12-31T07:37:18+00:00 31/12/2012|Македонија, Маркети|

Претпразнична навалица на грчки туристи деновиве низ Битола. Потрошувачи од јужниот сосед примамени од пониските цени ги преплавија битолските супермаркети и бутици. Дуќанџиите тријат раце и проценуваат дека двојно е зголемена потрошувачката во однос на другите викенди. Пред Нова година најбарани се месото, пијалаците и градеробата. Дневниот промет во саботата беше 200.000 денари. Најголем број купувачи беа Грци и претежно купуваа мелено, свинско и пилешко месо за новогодишната трпеза. Од тука с [...]

17 12, 2012

Отсега и Стружани ќе Пазарат во Рамстор

By | 2012-12-17T05:52:04+00:00 17/12/2012|Маркети|

Во производите и во поволностите на супермаркетите „Рамстор" од минатата недела можат да уживаат и стружани. Новиот супермаркет, инаку прв во овој град, се протега на површина од 1200 квадратни метри и е опремен со производи и со асортиман за да го покрие целиот охридско преспански регион. „Рамстор Струга" е комплетно приспособен да ги задоволи потребите на потрошувачите од градот и од околните населби, со голема понуда на различни производи. За нас како најбрзо растечки синџир на супермаркети в [...]

13 12, 2012

Чоколаден Викенд во СП Маркет во Тафталиџе

By | 2012-12-13T04:42:25+00:00 13/12/2012|Маркети|

Скопски Пазар и Невладината организација Позитиво, од 15 до 23 декември организираат викенд настани посветени на чоколадото. Во СП маркетот, во населбата Тафталиџе, овој и следниот викенд посетителите ќе имаат можност да присуствуваат на голема изложба на чоколади во чиј состав ќе биде поставена чоколадна фонтана. Велгиското чоколадо од фонтаната ќе може да го вкусат сите посетители кои ќе донираат средства што ќе бидат искористени за добротворни цели. За најмладите посетители организирано е дру [...]

5 12, 2012

„Тинекс“ Донира Нови Апарати за Стерилизација на Воздухот за Клиниката за Детска Хирургија

By | 2012-12-05T11:19:30+00:00 05/12/2012|Здравство, Маркети|

Клиниката за детска хирургија во Скопје доби нови апарати за стерилизација на воздухот. Донацијата чија вредност е над половина милион  денари ја обезбеди компанијата „Тинекс“ во рамки на платформата за општествена одговорност „Тинекс, ти и јас“. [custom_frame_right][/custom_frame_right] Овие апарати за стерилизација на воздухот се за употреба во медицински установи каде што постои ризик од инфекции. Ќе овозможат соодветно прочистување на воздухот во болничките соби и во другите простории на Кли [...]

26 11, 2012

Донесете ми Ориз со Гарнир и Вино

By | 2012-11-26T11:23:08+00:00 26/11/2012|Маркети|

Доставување пици, сендвичи, скара, дома или на работа, но и порачување разни производи од супермаркет, се услуги што се почесто им се достапни награѓаните во градот. Од фирмите што вршат доставување велат дека готова храна најчесто порачуваат младите, додека испораката на други производи е идеална за постарите лица, кои се спречени од која било причина да одат во продавница. И граѓаните што често порачуваат храна од работното место велат де ка сега изборот е поголем. Додека сум на работа, не мож [...]

23 11, 2012

Нов „Рамстор Центар”

By | 2012-11-23T11:10:56+00:00 23/11/2012|Маркети|

Тетово го доби третиот супермаркет „Рамстор". Модерно дизајнираниот простор од 850 квадратни метри нуди широка палета од над 15.000 производи кои ќе ги задоволат потрошувачките потреби на околните населби и факултетите. Богатата понуда на разновидни артикли е дополнета и со широк асортиман на овошје и зеленчук, пекарница и месарница. Маркетот има 40 вработени. Дел од отворањето на новиот маркет „Рамстор" во градот беше и градоначалникот на Тетово, Сади Беџети. Горд е што три од шесте маркети на [...]

21 11, 2012

Торбите Најмногу се Полнат во КАМ и Тинекс Маркетите

By | 2012-11-21T11:24:48+00:00 21/11/2012|Маркети|

КАМ се маркетите во кои најчесто влегуваат и со полни ќеси излегуваат најголемите македонски потрошувачи. Во дисконтните продавници на овој трговски синџир пазарат една петтина од големите потрошувачи. Следуваат „Тинекс„ со 17% и „Тедико,, со 6% од пазарниот удел. Вакво рангирање направи Институтот за истражување на пазарите и медиумите „Медиана Адриа" со седиште во Белград, базирајќи се на регионалното истражување на тоа каде купуваат суперпотрошувачите, односно оние кои најмногу трошат. Во тоа [...]