Билетите За „Златна Бубамара” Веќе Во Продажба

//Билетите За „Златна Бубамара” Веќе Во Продажба

Билетите За „Златна Бубамара” Веќе Во Продажба

Манифестацијата „Златна бубамара на популарноста”, која оваа година ќе се одржи на 21 февруари, секогаш буди голем интерес.

Сите заинтересирани да ја проследат годинешната забава со познатите личности можат да ги купат билетите од денеска, од 14 часот на билетарницата во Универзална сала. Цената изнесува 1.000 денари.

Од штабот на „Златна бубамара” велат дека во изминатите 10 години, билетите се продавале за 3 часа.

Тие додаваат дека големиот интерес од оваа манифестација, која годинава го носи слоганот „Мелем за душа”, а на која се доделуваат престижни награди за најпопуларните ТВ проекти и лица од јавниот живот во Македонија и на Балканот, е вечер исполнета со многу емоции. Така ќе биде и оваа година, со неповторливо сценарио, кое го обединува целиот интелектуален, политички, музички и бизнис-свет.

„Одобрено од власта, прифатено од опозицијата, а се случува за мерак на народот” е слоганот на годинешното 16-то издание на „Златна бубамара”.

[custom_frame_center]Билетите За „Златна Бубамара" Веќе Во Продажба[/custom_frame_center]

Извор: Фокус Дневен

Датум на објава: 04.02.2013

By | 2013-02-04T14:13:24+00:00 04/02/2013|Култура|