Меѓународни Асоцијации

/Меѓународни Асоцијации
Меѓународни Асоцијации 2017-05-26T11:43:11+00:00

Меѓународни Асоцијации

FIBEP
Pressclipping е членка на светското здружение на агенции за мониторинг и анализа на медиуми FIBEP (Federation Internationale des Bureaux d’Extraits de Presse). Основано е во далечната 1953 година во Париз и од мало здружение на семејни компании со текот на времето прераснало во светско здружение кое денес брои околу 90 членки од околу 40 земји од светот и претставува 80% од светската индустрија за следење на медиумите. Членството во оваа организација ни овозможува организирање на услугата за следење на медиумите и во другите земји со помош на нашите партнерски агенции од FIBEP. На секои 18 месеци здружението организира свој Конгрес на кој се дискутира за актуелните теми и новост и од оваа дејност, а се разменуваат и искуства помеѓу членките на здружението. Pressclipping  ја имаше таа чест да го организира 40-тиот јубилеен Конгрес на FIBEP кој се одржа во мај 2005 во Дубровник.

AMEC
Association for Measurement and Evaluation of Communication е мeѓународна организација за мерење и вреднување на комуникациите основана во Лондон во 1996 година. Примарна цел на организацијата е дефинирање и развој на оваа професија и дејност со највисоки можни професионални стандарди, што овозможува раст, развој и препознатливост на дејноста.

Нас, како на придружни членки, AMEC во голема мера ни помага во размена на информации, знаење и висококвалитетна пракса за сите прашања кои се однесуваат на планирање, истражување и евалуација на медиумските објави и делот на комуникациите. Со помош на оваа драгоцена соработка, ги збогатуваме нашите искуства, ги следиме светските трендови, со цел да постигнеме највисок можен степен на независност, непристрасност, пракса и знаење во корист на нашите клиенти.