Информатичката компанија со глобално искуство, „Ендава“, ги отвори новите канцеларии во Скопје

/, Информатичка технологија/Информатичката компанија со глобално искуство, „Ендава“, ги отвори новите канцеларии во Скопје

Информатичката компанија со глобално искуство, „Ендава“, ги отвори новите канцеларии во Скопје

[custom_frame_left][/custom_frame_left] Една од најбрзо растечките компании за создавање услуги на полето на информатичките технологии, „Ендава“, која што под своја закрила моментно има над 1.800 вработени со полно работно време, официјално ги отвори канцелариите во Скопје. Дел од центарот за испорака во Македонија веќе се 30 ИТ-професионалци, а компанијата има намера таа бројка во следните неколку месеци да достигне 100, додека во наредните четири години бројот на вработени да се искачи до околу 400.

– Воодушевен сум што нашите нови канцеларии во Скопје можам да ги прогласам за официјално отворени. Денешниот настан ја потврдува нашата посветеност на Македонија како дел од стратегијата за испорака ширум источна Европа. Центарот во Скопје ја поддржува целта на „Ендава“ за овозможување одлични кариери во ИТ-индустријата и за дипломците и за професионалците – истакна Џон Котерел, извршен директор на „Ендава“.

Македонија ја надополнува листата на држави во кои што компанијата има свои канцеларии, а на неа се и Велика Британија, САД, Германија, Романија и Молдавија, каде што „Ендава“ има канцеларии. Компанијата е значаен работодавач во индустријата за информатички технологии во сите источноевропски локации преку добро поставени канцеларии во Букурешт, Клуж и Јаши во Романија, како и Кишинев во Молдавија.

Просторот во Скопје зафаќа околу 3.000 квадратни метри и е распореден на три ката од престижната зграда „Кале“, која што е сместена веднаш до Музејот на холокаустот во строгиот центар на главниот град. Дизајнирана и уредена според највисоките светски стандарди во ИТ-индустријата, внатрешноста на објектот засега 19 сали за состаноци, делови за релаксација, тераса на покривот, оддел со игри и други занимливи активности, како и простор во кој што вработените ќе можат да се среќаваат и да се дружат.

– Канцелариите што го отворивме во Скопје целосно се вклопуваат во културата што „Ендава“ ја практикува, а тоа подразбира концепт што за нашиот локален тим ќе овозможи одлична работна атмосфера. Просториите поттикнуваат комуникација, тимска работа и креативност. Во следниот период ќе продолжиме да ја прошируваме екипата со професионалци од информатичката индустрија кои сакаат да напредуваат во кариерата, но и со тие кои што ги прават првите чекори во оваа област. „Ендава“ цели кон обезбедување уникатни можности за луѓе што бараат професионален предизвик и овозможување меѓународен работен амбиент близу до дома – вели Ендру Браун, менаџер за испорака на „Ендава“ во Македонија.

Компанијата имаше приходи од околу 86 милиони евра во периодот од јули 2013 до јуни 2014 откако оствари раст од околу 50 отсто во претходната година. „Ендава“, исто така, потпиша големи договори со неколку значајни глобални брендови. Тимот во Скопје планира да регрутира софтер-девелопери (Java, .NET, mobile), софтвер-тестери, проект-менаџери, софтвер-архитекти, бизнис-аналитичари.

„Ендава“ испорачува ИТ-решенија за големи мултинационални компании кои што се дел од секторите како банкарство, исплати, осигурување, малопродажба, патувања, телекомуникации, медиуми и издаваштво. Сениорскиот тим во Скопје веќе е воспоставен и го координира развојот на техничките дисциплини со кои на клиентите ќе се испорачуваат проекти. Учесниците во практикантската програма на компанијата минуваат низ три месеци интензивна ИТ-обука по што добиваат задачи на конкретни проекти со цел да се здобијат со пракса од прв степен. Досега, седум дипломци ја завршија оваа програма.

Кога се во прашање поискусните професионалци, тие преку „Ендава“ тие имаат прилика да работат на големи, комплексни, проекти испорачани од Скопје за клиенти на полето на осигурувањето и телекомуникациите. Благодарение на овој пристап, лицата од ИТ-индустријата добиваат прилика да бидат дел од меѓународен амбиент на локалниот пазар – тимовите на „Ендава“ имаат директна интеракција со клиенти во Велика Британија, Германија или САД. Компанијата промовира култура на учење и на споделување преку модел за стажирање. Таа се одржува преку месечна програма на признанија за вработените кои ги практикуваат вредносите на „Ендава“, а тие се: промисленост, отвореност и агилност.

– Скопје веќе е центар каде што расте ИТ-индустријата. Македонската влада значајно вложува во информатичкиот сектор, таргетирајќи го и бизнисот и академскиот сегмент. Економското опкружување е пријатно, а ИТ-заедницата е динамична. Поради сето ова, гледаме потенцијал за раст во годините што следуваат – објаснува Џон Котерел, извршен директор на „Ендава“.

Како регионален лидер во индустријата за информатички технологии, Македонија има растечка ИТ-заедница со над 8.000 професионалци и добро етаблирани факултети по компјутерски науки со 800 дипломци годишно. Романија, Молдавија и другите земји од источна Европа се културолошки блиски до Македонија, земјата е силен кандидат за членство во Европската заедница, а бизнис-климата во државата е стабилна.  Имајќи ги предвид предностите на временската зона, директните летови до европските метрополи и одличните јазични способности – англискиот широко се употребува – Скопје е локација што е одлично позиционирана за испорачување ИТ-услуги на клиентите на пазарите во западна Европа и во Северна Америка.

За „Ендава“

„Ендава“ е приватна компанија за ИТ-услуги основана во 2000 година.  Со над 1.800 редовно вработени лица, „Ендава“ моментно располага со 11 локации во Велика Британија, САД, Германија, Романија, Молдавија и Македонија, како и приход од околу 86 милиони евра во изминатата календарска година.

„Ендава“ испорачува, гради и реализира клучни ИТ-решенија и платформи за некои од водечките светски компании во секторите: банкарство, исплати, осигурување, малопродажба, патувања, телекомуникациски компании, медиуми и издаваштво.

„Ендава“ се специјализира во испорака на услуги како што се:  развој на апликации, дигитални медиуми, независно тестирање, ИТ-консултантски услуги, услуги за управување со апликации и клауд-услуги.