Милионери се 35 Mакедонци

/, Македонија/Милионери се 35 Mакедонци

Милионери се 35 Mакедонци

Компанијата за истражување на богатството „Wealth X” ја рангира државава на 42. место според бројот на милионери. Утврдено е дека 35 македонски државјани имаат богатство вредно 4 милијарди американски долари што е еднакво на половина од  државниот бруто производ.

Во регионот Албанија има 55 милионери со вкупно 7 милијарди долари. Србија има 90 мултимилионери чие богатство е проценето на 11 милијарди долари. Грција има 455 ултрабогати чие богатство е проценето на 50 милијарди долари, во Хрватска со 260 лица располагаат со вкупно богатство од 30 милијарди долари.

Во Европа најмногу ултрабогаташи има Германија 15.770 кои „тежат“ 2,05 милијарди американски долари. Втора е Англија каде што богатството на 10.515 богаташи е проценето на 1,3 милијарди долари.

[custom_frame_center]Милионери се 35 Mакедонци[/custom_frame_center]

Извор:  www.plusinfo.mk

Датум на објава: 27.09.2012

 

By | 2012-09-27T11:49:57+00:00 27/09/2012|Економија, Македонија|