Министерот Ивановски на отворањето на новиот Епл салон на Дуна Најавата дека iPhone 5 наскоро ќе биде достапен и во Македонија е најдобрата реклама за новоотворената продавница на Дуна во Градскиот трговски центар во Скопје.
Дополнително значење на отворањето на новиот продажен салон за Епл му даде и присуството на министерот за информатичко општество и јавна администрација, Иво Ивановски.
Новиот салон е целосно изработен по дизајн-стандардите на Епл. На површина од 85 метри квадратни отсега посетителите ќе имаат можност да разгледаат и тестираат голем број производи на Епл, вклучувајќи ги моделите на компјутерите Mac, на таблетите iPad, на мултимедијалните плеери iPod, како и на iPhone.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.time.mk
Датум на објава: 20.09.2012