Првични слики од Android 4.4 KitKat

Првични слики од Android 4.4 KitKat

Благодарение на податоците од Google уште од почетокот на Септември знаеме дека дефинитивно Android 4.4 KitKat е на пат да излезе во пошироката јавност. Очекувајќи ги новите функции кои што треба да се најдат во новиот оперативен систем, компанијата 9to5Google успеа да подготви неколку слики од промените на корисничкиот интерфејс што ќе ги има следната верзија на Android.

Неофицијалните слики покажуваат дека новата верзија ќе содржи посветли бои низ целиот кориснички интерфејс, наместо сини икони на статусната лента ќе поседува сиви и статусната лента ќе ги менува своите бои во зависност од боите на апликацијата која што ви е моментално отворена.

На сликите исто така е прикажан редизајнот на делот за пораки и апликациите на телефонот. Допрва треба да видиме некоја специфичност во внатрешноста на апликациите, но сепак моежеме да го видиме новиот слој на бои заедно со мазниот изглед. Апликацијата за бирање на броеви, како што може да се види од сликите има сосема различен дизајн на тастурата, за која се сомневаат дека ќе се најде истиот понатаму низ Android 4.4 KitKat.

Сега за сега тоа е се што се знае за новите промени на Android 4.4 KitKat. Иако не претставува 5-та верзија на Android, сепак новата 4.4 KitKat верзија се очекува да донесе некои промени. Се шпекулира дека Google ќе почне да го користи новиот Android 4.4 KitKat со претставувањето на LG Nexus 5 на настанот на 14 Октомври и ќе биде достапен на целата Nexus линија по неколку часа од неговата презентација.

[custom_frame_center]Првични слики од Android 4.4 KitKatПрвични слики од Android 4.4 KitKat[/custom_frame_center]

Извор: www.telefoni.com.mk

Датум на објава: 23.09.2013