1200 Стипендии за Младите Лица

//1200 Стипендии за Младите Лица

1200 Стипендии за Младите Лица

Стипендии за талентираните ученици, младите спортисти владата за учебната 2012/2013 година ќе додели над 1200 стипендии за младите лица ученици, спортисти до 20 години во насока на подршка на развојот на младинскиот ентизијазам и талентираноста.

Кога ќе пораснам сакам да станам познат фудбалер како Горан Пандев.

Децата тренираат и сонуваат да станат како своите идоли. Не секогаш е доволен само талентот, потребни се и услови за тренинг но и пари. За оваа цел владата ќе додели над 1200 стипендии за ученици, деца без родители, спортисти и за млади со пречки во развој до 20 години. За оваа намена од државната каса ќе се издвојат 35 милиони денари. Конкурсот ќе биде распишан во нередните денови.

Ова ќе биде добра подршка за обезбедување дел од нивните потреби и стимулација да продолжат со своето образование а исто така и да достигнуваат квалитетни резултати во спортот но и во самиот систем на образование, рече Александар Ѓорѓиев, потпарол на владата на РМ.

Спортските работници велат дека има таленти и во фудбалот, ракометот, кошарката, одбојката, но и дека треба да се вложува во нив.

Тоа ќе биде стимул за понатамошен развој на фудбалот и на било кој спорт, рече Кирил Дојчиновски.

Пред 20 години да ги имавме овие услови сигурно ќе имаше многу повеќе фудбалери на овие простори, врвни фудбалери, врвни спортисти, рече Митко Стојановски.

Условите за спортување и рекреација во повеќе спортски дисциплини ќе се зајакнат со стотина нови повеќенаменски игралишта во 70 општини, 25 терени на различни локации ќе се направат во главниот град, а ќе се користат бесплатно.

Превземено: МТВ 1

Датум на објавата: 30.10.2012

Термин: 17.00 часот

Автор: Наташа Јанчиќ

By | 2012-10-31T01:54:00+00:00 31/10/2012|Образование|