Не ни Треба Осигурување Откако ќе ги Собереме Кајсиите

/, Осигурување/Не ни Треба Осигурување Откако ќе ги Собереме Кајсиите

Не ни Треба Осигурување Откако ќе ги Собереме Кајсиите

Државата нуди да плати 60 отсто од сумата на полисата за осигурување, но дури по први мај, што, според овоштарите, е задоцнета помош, оти во јуни веќе привршува бербата на кајсии и на праски.

Земјоделците од гевгелиско-валандовскиот регион се жалат дека градот ќе им го истолчи родот во овоштарниците и на нивите додека да ги добијат осигурителните полиси, оти Министерството за земјоделство ги услобува ако сакаат да ја користат државната помош за осигурување, да го сторат тоа по први мај. Преку програмата за финансиска помош на земјоделството, државата покрива 60 отсто од сумата за осигурување, а земјоделците треба да ги платат останатите 40 отсто.

“Сметаме дека помошта е задоцнета. Осигурителните компании ни бараат потврди дека државата ќе ни покрие 60 отсто од сумата на полисата, а подрачните единици на Министерството се уште не ни ги издаваат. Службениците ни велат дека апликациите што треба да ги пополниме, ќе ги добијат дури во јуни. Што ќе ни е осигурување во јуни кога ќе ги собереме кајсиите, праските и другото овошје. Државата намерно го прави ова за што помал број земјоделци да ја искористат помошта”, вели сопственик на овоштарник од гевгелиско.

Проблеми со задоцнетото осигурување имаат и градинарите, лозарите и тутунарите, бидејќи и нивните посеви цела пролет, кога вообичаено има и најпоројни дождови и градови, се неосигурени.

Од Министерството за земјоделство велат дека рокот што е предвиден во програмата е 1 мај и засега не планираат да го сменат.

Федерацијата на фармери на Македонија веќе неколку пати, на состаноци, па дури и писмено, побарала од Министерството за земјоделство за секоја земјоделска култура да одреди рок за аплицирање за полисата, како и рок за исплата на помошта.

“Иако укажавме на овој пропуст во програмата, досега не добивме никаква повратна информација од Министерството”, велат од Федерацијата на фармери.

[custom_frame_center]Не ни Треба Осигурување Откако ќе ги Собереме Кајсиите[/custom_frame_center]

Превземено: Вест

Датум на објавата: 23.04.2012

Автор: И.С.

By | 2012-04-23T04:13:02+00:00 23/04/2012|Земјоделство, Осигурување|