„Микрософт филмски фестивал“ ќе се одржи денеска во Скопје во организација на ИТ компанијата Microsoft Македoнија и Министерство за образование и наука.
Настанот се организира првпат и претставува заокружување на циклус обуките кои беа спроведени преку програмата Партнери во учењето на Микрософт во изминатите неколку месеци, со главен фокус користење различен тип нивни образовни алатки и апликации.
На „Микрософт филмскиот фестивал“ ќе бидат наградени најдобрите наставници кои учествуваа во обуките, а воедно ќе ги презентира најдобрите образовни филмови од вкупно 450 видеа кои ги изработија повеќе од 400 наставници во текот на изминативе три месеци. Најдобрите видеа ќе бидат прогласени и наградени во шест категории.
– Веруваме дека овој образовен филмски фестивал ќе придонесе за иновативна едукација и ќе наиде на позитивна импресија од сите присутни на овој настан, видеата кои ќе се презентираат се огромен доказ за креативноста, иновативноста и прогресивноста на наставниците како би користеле иновативна технологија во образовниот процес, информираат од Мајкрософт Македонија.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.kurir.mk
Датум на објавата: 23.04.2012