Гимназија „Максимилијан Берлиц“ вечер ќе биде отворена во Скопје. Од престојната учебна 2012/2013 година, гимназијата ќе почне да работи според образовните стандарди на Универзитетот Кембриџ.
Гимназијата е дел од повеќе од 9.000 училишта во над 160 земји кои функционираат под покровителство на Кембриџ заедницата.
Кембриџ е најголемата образовна институција во светот која нуди меѓународни програми на образование и универзитетски квалификации за деца и младинци од 5 до 19 години. ПСУ „Максимилијан Берлиц“ е дел од „Одделот за оценување и проценка на Кембриџ”, кој е дел од Универзитетот во Кембриџ.
Програмите се внимателно дизајнирани и прогресивни, овозможувајќи им на учениците од 5 до 19 годинишна возраст, јасно трасирана патека до успех на академско и професионално ниво и нудат флексибилност, овозможувајќи им на акредитираните училишта да ги обликуваат Кембриџ – наставните програми според менталитетот на домашната популација. Сето ова се разбира е во согласност со законите кои функционираат на локално ниво.
Наставата која има светски докажана репутација, е насочена првенствено кон потребите на учениците, овозможувајки им врвно образовение во пријателска средина.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Превземено: www.press24.mk
Датум на објавата: 03.05.2012