Актуелниот американски претседател Барак Обама е сопственик на часовник од луксузниот швајцарски бренд Таг Хојер, каков што од неодамна има и еден од најпознатите домашни ракометари, репрезентативецот Наумче Мојсовски.
Мојсовски стана сопственик на ваков часовник во петокот, кога присуството на отворањето на новиот луксузен салон на „Божиновски,, лоциран во строгиот центар на градот го искористи за да се поднови, но и да одбере дијамантски часовник за својата вереница Марија.
Станувајќи сопственик на луксузен часовник од овој бренд, Наумче се стави на листата познати фаци меѓу кои се вбројуваат Стив Мекквин, Леонардо ди Каприо, Луис Хамилтон, Тајгер Вудс, Марија Шарапова, Џејсон Батон, Камерон Дијаз, инаку светски амбасадори на оваа луксузна марка.
Заштитно лице за Балканот е српската манекенка Катарина Вучетиќ, кај нас е позната по учеството во реалното шоу ВИП Преживеан.
Освен Таг Хојер во новиот салон на „Божиновски,, ќе има и часовници од брендовите Брајтлинг, Лонжин, Тисо, Каран Даш, Своч, чиишто заштитни лица, пак, се Дани Димитровска и Дивна Пешиќ.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Вечер
Датум на објава: 08.05.2012