Одбележување На Светскиот Ден На Црвениот Крст

/, Македонија/Одбележување На Светскиот Ден На Црвениот Крст

Одбележување На Светскиот Ден На Црвениот Крст

Под мотото „Младите се на потег“, Црвениот крст на Град Скопје денеска на кејот Вардар кај Градска плажа  ќе го одбележи 8 Мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

Централна манифестација е хуманитарна трка на која ќе учествуваат околу 250 младинци – средношколци од Скопје и членови на клубовите на млади на Црвен крст на територија на главниот град.

Во рамки на Неделата на Црвениот крст, од 8-ми до 15 мај, ќе бидат организирани и предавања за ширење на идејата на Црвениот крст и информирање на младите за организацијата и можностите за вклучување во големото семејство хуманисти-волонтери.

[custom_frame_center]Одбележување на Светскиот ден на Црвениот крст[/custom_frame_center]

Извор: www.sitel.com.mk

Датум на објава: 08.05.2012

 

By | 2012-05-08T11:53:31+00:00 08/05/2012|Здравство, Македонија|