Се Одбележува Денот На Европа

//Се Одбележува Денот На Европа

Се Одбележува Денот На Европа

Македонија го одбележува 9-ти мај – Денот на Европа, во знак на сеќавање на 1950 година кога тогашниот министер за надворешни работи на Франција, Роберт Шуман го презентираше предлогот за создавање организирана Европа, како опција за одржување на мирот на со војните разурнатиот и поделен континент. Предлогот, попознат како „Шуманова декларација“, се смета за почеток на формирањето на она што го денес го знаеме како Европска унија. Роденденот на Европската унија – 9-ти мај во Македонија се одбележува со серија активности преку кои се приближува пораката на ЕУ до македонските граѓани и се запознаваат со приближувањето на земјата кон полноправно членство во Унијата. Делегацијата на Европската унија во Скопје по тој повод организира конференција на тема „Како да ги зајакнеме граѓаните во Европа“, прием по повод Денот на Европа.

Град Скопје и Младинскиот културен центар ќе организираат повеќечасовна забава во Градскиот парк. Општина Центар во соработка за Делегацијата на ЕУ во Скопје на плоштадот „Македонија“ организира Европски хепенинг и трка на келнери и келнерки, додека општина Гази Баба ќе го одбележи Денот на Европа со полагање цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто во паркот во истоимената наслеба. Во Битола по повод Денот на Европа ќе бидат поставени штандови на државите-членки на ЕУ на плоштадот „Магнолија“ и ќе се одржи детскиот фудбалски хепенинг „Спортот не знае за граници – спортот обединува“.

Манифестација по повод Денот на Европа во организација на невладината организација Open Gate ќе се одржи и на Државниот универзитет во Тетово. Прослави насловени „Да ја истражиме Европа“ ќе организираат и Инфо точките на ЕУ во Куманово, Кавадарци, Тетово, Гостивар, Велес, Битола и Кочани.

Денот на Европа го симболизира објавувањето на декларацијата на Шумјан со која тогашниот министер за надворешни работи на Франција, Роберт Шуман, им предложи на довчерашните непријатели – Германија и Франција да воспсотават заедничка организација за управување со индустријата за јаглен и челик. ЕУ на Советот во Милано во 1985 година одлучи 9 -ти мај од тогаш официјално секоја година да се одбележува какао Ден на Европа.

[custom_frame_center]Се одбележува денот на Европа [/custom_frame_center]

Извор: www.kanal77.com.mk

Датум на објава: 09.05.2012

By | 2012-05-09T11:44:03+00:00 09/05/2012|Македонија|