Британскиот компанија за телефонски услуги „Ретел“ стартуваше со работа на македонскиот пазар. Ретел својата канцеларија ја отвори во ПСМ инкубаторот (Претприемачки сервис за млади), во која ангажира четири вработени, а до крајот на годината најавува нивниот број да достигне девет.
– Гледаме голем потенцијал во Македонија и затоа решивме да влеземе на овој пазар и да отвориме центар за истражување и развој. Се одлучивме канцеларијата на Ретел Македонија да биде во просториите на ПСМ инкубаторот, поради одличните услови кои ги нуди, изјави Данчо Димков, менаџер на Ретел Македонија.
Ретел е компанија основана во 1986 година во Велика Британија. Се занимава со производство и продажба на опрема за снимање на телефонски повици и IVR, претежно наменети за британскиот но и за светскиот пазар. Нивниот главен производ е Sense (хардверско и софтверско решение), кое постои на пазарот повеќе од пет години. Тоа е опрема за снимање на телефонски разговори на Ретел, која според пресметки, се користи за снимање на над два милиони телефонски разговори секој ден. Има хардвер за телефонски линии, дигитални ISDN и аналогни телефони, како и VoIP телефонија.
Ретел системот, може да биде користен како пасивен снимач на разговори и активен IVR (технологија која дозволува компјутер гласовно да комуницира со луѓе) систем, а развива и апликација за снимање на мобилен уред. Покрај во Британија, има свои канцеларии за истражување и развој и во Израел.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.sitel.com.mk
Датум на објава: 09.05.2012