Најновите технолошки достигнувања во областа на електронските комуникации и информатичкото општество, најдобрите практики и искуства, како и решенија за можни проблеми се тема на расправа на втората по ред Меѓународна регулаторна конференција што се одржува во Охрид.
Директорот на Агенцијата за електронски комуникации Роберт Ордановски го нагласи регионалниот аспект на конференцијата, пред се заедничкиот обид на државите од регионот за формирање единствена цена на роаминг-услугите, по примерот на земјите од ЕУ.
– Иницијативата што ја поднесовме пред ЕК за изедначување на цената на роамингот со членките на Европската унија, очекуваме на следниот состанок веќе идната седмица Комисијата да излезе со одговор на нашето барање, рече Ордановски.
Доколку биде прифатен предлогот тоа ќе значи пониски цени за роаминг-услугите и за четири пати од постојните, нагласи тој. За Република Македонија Ордановски рече дека е регионален лидер кога станува збор за електронските комуникации, по сите параметри предвидени од страна на телата на ЕК задолжени за развојот на тој вид технологија.
– АЕК на Република Македонија ги има воведено сите регулаторни мерки за развој на електронските комуникации, што значи дека секој оператор ќе има максимално коректни услови за работа, преку отворање простор за работа на сите заинтересирани алтернативни оператори во фиксната телефонија, истовремено овозможувајќи развој на тој пазар, нагласи Ордановски.
Како прва реакција на намалувањето на големопродажните цени, „Македонски телеком“ ги намали малопродажните цени на своите услуги и интернетот и фиксната телефонија, што според Ордановски, е потврда на остварувањето на целите предвидени од страна на АЕК за периодот 2012-2016 година. Резултат на тоа е и најавеното намалување на цените на услугите во мобилната телефонија, што ќе стартува веќе од следниот месец. Во врска со дигитализацијата, директорот на АЕК изрази уверување дека процесотќе биде заокружен во предвидениот рок, односно 1 јуни 2013, кога ќе престанат да емитуваат аналогните сигнали.
Во работата на Конференцијата воОхрид учествуваат претставници на највисоките регулаторни тела од областа на електронските комуникации и од секторот на информатички технологии од Македонија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Албанија, Косово, Романија, Бугарија, како и од Чешка Полска.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: www.mtv.com.mk
Датум на објава: 16.05.2012