Милијардерот Карлос Слим има намера да купи удел во Телеком Двстрија, која е компанијамајка на македонскиот Вип оператор. Според австрискиот магазин „Формат”, мексиканската телекомуникациска компанија Дмерика Мовил која е сопственост на Слим, одржала почетни разговори со најголемите акционери на Телеком Двстрија: австриската државна холдинг компанија ОеИАГ, која има удел од 28,4% и австрискиот инвеститор Рони Печиќ и неговиот партнер, египетскиот милијардер, Нагиб Савирис, кои заедно држат 20% од компанијата.
Магазинот повикувајќи се на свои извори пишува дека Печиќ и Савирис можеби нема да го продадат својот удел сега и ќе го чуваат во период од 2 години пред да го понудат на стратешки инвеститор. Рони Печиќ од Виена и египетскиот тајкун Савирис кој има удел од 18,8% во телекомуникацискиот гигант Вимпелком Груп бараат две места во проширениот надзорен одбор во Групацијата Телеком Австрија која има свои подружници во Србија, Белорусија, Словенија, Бугарија, Лихтенштајн, Хрватска и Македонија.
Америка Мовил има планови да влезе на европскиот пазар со оглед на ниските цени на компаниите на Стариот континент. Информацијата за намерата за влез во Телеком Австрија доаѓа само една недела откако Америка Мовил понуди да откупи удел во холандската телекомуникациска компанија КПН НВ за 3,5 милијарди долари.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Извор: Вечер
Датум на објава: 21.05.2012