Националната телевизија Канал 5 се подготвува за продажба, а интерес за купување на телевизијата покажала германската телевизија РТЛ, неофицијално дознава весникот „Капитал“.
За германската телевизија неодамна се шпекулираше дека сака да влезе на македонскиот пазар преку купување на српската Пинк 15, која неодамна ја изгуби дозволата за работа.
Телевизијата Канал 5 минатата година имаше раст на профитот од неверојатни 372,5 отсто, информираат од „Капитал“.
Податоците од Централниот регистар покажале дека Канал 5 телевизија во 2010 година имала профит од 310.000 евра, за во 2011 година профитот да и се зголеми на 1,5 милиони евра.
[custom_frame_center]
[/custom_frame_center]
Ивор: www.plusinfo.mk
Датум на објава: 22.05.2012