ЕВН Македонија Почна Нова Кампања

//ЕВН Македонија Почна Нова Кампања

ЕВН Македонија Почна Нова Кампања

Што ЕВН нуди на оние кои должат пари за струја да ги платат тоа без камата а најавува уште поостри мерки во соработка со полицијата за оние кои струјата ја краделе.

ЕВН Македонија почна нова кампања за плаќање на заостанатите долгови за електрична енергија.

Од 1 јуни, до 31 август годинава, корисниците ќе имаат можност со поволни услови да ги платат старите сметки, односно да го избришат долгот за струја.

Со оваа кампања се опфатени и тужените побарувања по први јануари 2006-та.

Корисниците кои имаат отворен долг кон компанијата, односно нетужени побарувања, ќе може да ги платат сметките на рати и без пресметка на дополнителна камата.

Корисниците кои имаат тужба за неплатени сметки кон ЕВН Македонија ќе имаат убава можност со плаќање на основниот долг да им се избрише камата која треба да произлезе по плаќањето на долгот како и сите претходни камати. Покрај тоа значи ако се плати долгот во целост се бришат и претходните камати, се бришат трошоците за судските трошоци, трошоците за нотари и извршители и кога ќе биде платен долгот во целост тогаш се сопира тужбата и извршувањето, рече Атанас Ковачевски, потпарол на ЕВН Македонија.

Бизнис корисниците, додава Ковачевски, нетужените долгови ќе можат да ги расчистат на 4 рати во јуни и 2 рати во јули.

Од ЕВН Македонија најавија дека и натаму ќе продолжат со исклучување на оние корисници што имаат долгови, и ќе ги казнуваат крадците на електрична енергија.

httpv://www.youtube.com/watch?v=7yVnkEgnhd0

Превземено: Сител

Датум на објавата: 27.05.2012

Термин: 19.00 часот

Автор: Борис Грујовски

By | 2012-05-28T04:16:30+00:00 28/05/2012|Македонија|