Просечната Месечна Исплатена Нето Плата Во Март Изнесуваше 21.081 Денари

/, Македонија/Просечната Месечна Исплатена Нето Плата Во Март Изнесуваше 21.081 Денари

Просечната Месечна Исплатена Нето Плата Во Март Изнесуваше 21.081 Денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2012 година, во однос на март 2011 година, порасна за 2,4 отсто на номинално ниво, но само 1 отсто на реално ниво.

Номиналното зголемување на нето платите се должи, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: информации и комуникации со 55,9 отсто, стручни, научни и технички дејности  со 16,8 отсто и градежништво со 6,9 отсто.

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март 2012, изнесуваше  21.081 денари.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2012 изнесуваше 30.876 денари.

Во март 2012 година, 2 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

[custom_frame_center]Просечната месечна исплатена нето плата во март изнесуваше 21.081 денари[/custom_frame_center]

Извор: www.plusinfo.mk

Датум на објава: 29.08.2012

By | 2012-05-29T15:08:54+00:00 29/05/2012|Економија, Македонија|